коментира: ЉУПЧО ЗИКОВ
Пред сè, си ја сакам и почитувам татковината! А здравјето, фала богу, го чувам секојдневно со протоколите!
Освен што овде ќе се вакцинирам кога ќе дојде време за тоа, имам намера и да се попишам секако, фала на прашање!!!
Од личен принцип и длабока поврзаност со македонското општество, и сите предизвици и проблеми низ кои минуваме, во Србија нема да се вакцинирам ниту јас, ниту ниеден член на моето семејство! Ниту во Бугарија, ниту во Грција…
Ова, едноставно, поради мојата почит кон Македонија (сметам дека вака се сака и почитува татковината), и длабоко сочувство со проблемот… но и заради мојата доверба и поддршка кон нашите македонски институции… кои можеби се слаби и немоќни, но тоа не значи дека не треба да ги поддржам на патот да станат силни! И не само со критики, туку и со предлози и идеи и решенија како да се решаваат проблемите! А не со блокада на пописот, опозициско стимулирање за вакцинација во Белград, како и со срамна блокада на парламентот за да не може да носи важни одлуки и мерки! Срамота!!!!
Си ја почитувам земјата, државата, татковината! Се разбираме ли?
Едноставно, драги Македонци и сите останати со големи први букви во вашето име, презирот и дефетизмот не се мојата опција! А не смее да биде ниту вашата опција ако сакате да градите успешна држава! Држава во која ќе се обидете да бидете горди! Ако се обидете секако…
Ова што деновиве се случува со автобусите за Врање е една од најголеми срамоти што може да му се случи на еден народ!
Ова паѓање на најниски нивоа нема да си го дозволам …
Затоа ќе ги чекам вакцините, кога и да стигнат во Македонија!
Јас, овој наметнат и очигледно добро и прецизно менаџиран процес на омаловажување (на кој опозицијата овде аплаудира, се кикоти и ликува) на сè што е македонско, и тоа од нашите македонски граѓани, едноставно не можам да го прифатам! Партал ја правите државата на Фејсбук, а сте се пријавиле едвај сто илјади за вакцини! Ќе ве чипирале… Срамота!
*
Неодамна на една емисија изјавив: кодот на овој човек што живее по долината на Вардар (без разлика од која етничка група и да е) очигледно не е државотворен и е многу дефетистички! Тоа се покажува и со пописот и со вакцинацијата! Самоуништувачки е.
Затоа и во последните два-три века, до 1945, овде и немало држава! Во вакуумот од 1908 до 1912 кога турските власти се повлекувале, а почнувале балканските војни, можеби и имало план, идеја за држава (на пример, САД и Вилсон се залагале за држава), но прашањето секогаш било… со кој бре држава?
Ај сеа, автобусите и за Врање… понесете си и по 20 евра за у Лидл.