ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Мицкоски соработувал со еден од приведените фалсификатори, најголем дел од угостителите ги одјавиле работниците, работниците да не потпишуваат бланко документи за отказ

April 7, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Стратешките определби за Ромите во Република Северна Македонија се и државни цели. Ромите во нашата земја имаат потенцијал да го предводат прашањето на сопствена интеграција и да бидат пример за останатите во регионот. Имаме политичко претставување на Ромите во сите сфери на општеството, порача Премиерот Заев по повод Одбележување на 8 Април Светскиот ден на Ромите и 50 години јубилеј од одржувањето на првиот Ромски конгрес.

Ќе кажам само дека еден од приведените е во тесна врска со Мицкоски и имал постојани контакти со него, откри министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, зборувајќи за саботажата на акцијата „Двојник“ од страна на ВМРО ДПМНЕ. Јас ова го изнесувам според сознанијата и индициите, тие се во контакт и дел од документите во нивната партија се преку приведените лица. Акцијата беше планирана да се реализира за неколку дена, после спремање на сите активности.

Пропаднаа обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за саботажа на голема полициска акција, одново не го одбранија криминалот, велат од СДСМ. Оттаму нагласуваат дека Христијан Мицкоски вчера по којзнае кој пат јавно застана на браникот на криминалот, на спротивната страна од полицијата и законите.

Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот (СУТКОЗ) при Сојузот на синдикати на Македонија реагира на информациите дека најголем дел од угостителите ги одјавиле работниците. Од Синдикатот апелираат до работниците да не потпишуваат какви било бланко документи за откажување на нивните договори за вработување.

Човечкиот живот нема цена, а кога станува збор за спасување на човечки живот, секој треба да го даде максимумот, а не да се оградува од одговорност, напиша Николовски за веста за повредениот овчар од Кратово. Посочува дека во вакви случаи не постои фразата „не сме надлежни“, сите сме надлежни кога е во прашање човечки живот, како што вели тој.

Главниот повод на посетата на Турција е размена на искуство во делот на едукацијата на кадрите во правосудството и дигитализацијата на судскиот систем, рече министерот за правда Бојан Маричиќ. Искуствата на Турција за дигитализација на судството за нас се од големо значење, додаде тој.

Од денеска до 20 април ќе бидат затворени сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафитериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување. Оваа одлука ја донесе Владата, со цел превенција и заштита на граѓаните од Ковид-19.

Светската здравствена организација и нејзините сестрински агенции од системот на Обединетите нации по повод 7 април, Светски ден на здравјето, ги повикуваат сите лидери и меѓународни партнери да се водат од начелата на инклузивност и правичност при правењето планови за одговор на Ковид-19 и за закрепнување од последиците од пандемијата, со цел да се изгради поправичен и поздрав свет за сите.

М. Миткоска

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Слабости во работењето на Уставниот суд, утврди Државниот завод за ревизија

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Достоинствен живот на возрасните, лицата со попреченост, ранливите категории граѓани на Скопје

October 14, 2025

„МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска во потесна селекција за Европските филмски награди

October 14, 2025

Фон дер Лајен: Путин може да се држи под контрола само со силно одвраќање

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

    Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk