ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Поглед на Охрид низ објективот на младата фотографка Нина Ангелоска: Во природата ја наоѓам инспирацијата

April 13, 2021 13:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МАГАЗИН, ОПШТЕСТВО
Нина Ангелоска

Нина Ангелоска

Share on FacebookShare on Twitter

Македонија отсекогаш била непресушен извор на убавина. Охрид е убав и во пролет, во есен, во зима, особено во лето… Впрочем Охрид е секогаш убав. Младата охриѓанка Нина Ангелоска, на која хоби и е фотографијата, секојдневно ја чести нејзината публика со прекрасни фотографии од Охрид и околината. Фотографии од стариот дел на градот, до селата и урбаното градско подрачје, се само дел од нејзиното големо портфолио. ФРОНТЛАЈН денес имаше прилика да разговара со Нина, и во прилог да ви достави една нејзина прекрасна галерија посветена на убавините на Охрид.

Нина Ангелоска  е ученичка во Охридската гимназија, личност која ја сака природата, фотографијата, географијата, спортот… Конкретно на ова поле има постигнато повеќе успеси. Еден од оние на кој кажува дека е особено горда е тоа што учествувала во монографијата за 60 години постоење на Охридско лето со нејзини 4 фотографии.

 

1 of 19
- +

ФРОНТЛАЈН: Од кога се појави желбата за фотографирање?

Со самото созревање на некој начин дојде и самата желба која ја имам. На почетокот фотографирав со мобилен телефон но потоа со самото запознавање со Светски признатата фотографка Билјана Јуруковски го добив и фото апаратот со кој моментално работам.

ФРОНТЛАЈН: Што најмногу сакаш да фотографираш?

Засега сеуште не сум определена кон одреден правец на фотографија но целта ми е да го промовирам мојот роден град. Може да се каже дека сакам да ја фотографирам природата во која го наоѓам мирот, и воедно тоа е местото на кое човек може да ја добие најголемата инспирација.

ФРОНТЛАЈН: Дали постои фотограф, чии фотографии ти даваат инспирација и им се восхитуваш?

Секој фотограф преку својата фотографија на некој начин се преставува самиот тој или пак неговото расположение. Уметноста е поле на кое секое дело е добро. Конкретно јас се инспирирам од самата себе. Имам многу пријатели кои се занимаваат со фотографија и сите нивни дела се прекрасни.

ФРОНТЛАЈН: Освен пејсажите кои во голем број се наоѓаат на твојот профил, за каков друг вид на фотографија си заинтересирана?

Главниот мотив ми е да се промовира мојот град и да уживам во тоа што го правам.

ФРОНТЛАЈН: Бидејќи си релативно млада, дали фотографирањето може да игра клучна улога во избирањето на твојата идна професија?

Засега, иако фотографијата ме инспирира и ме влече, сепак, мислам дека конкретно со оваа професија во Македонија не може да се опстане многу. Секако дека ќе продолжам да работам, но првенствено ќе имам друга професија.

ФРОНТЛАЈН:  Каде заинтересираните купувачи можат да ја најдат твојата галерија?

Оние кои се заинтересирани за да купат фотографија можат да ги разгледаат фотографиите на мојот профил Nina’s Photography  на Фејсбук и да ме контактираат во приватна порака. Цената на фотографијата зависи од самата големина, а исто така и од материјалот од кој е направена на пример: платно, фотографска хартија. Слободно заинтересаните може да ме контактираат во било кое време.

Нејзиниот труд може да го проследите на нејзиниот Фејсбук профил Nina’s photography. Фотографиите зборуваат и повеќе од доволно самите за себе!

Марија Миткоска

Next Post

Јапонија одлучи да испушти во морето милион тони контаминирана вода од Фукушима

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk