ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Можно е продолжување на рестриктивните мерки, Заеви со донација на амбулантно возило, оставката на Рашковски нема да влијае на истрагата за предметите за него, сеќавање на грозоморното убиство кај Смилковско езеро

April 14, 2021 17:57
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Продолжувањето на сегашните рестриктивни мерки по 20 април ќе зависи од индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Ако има потреба  да, ќе ги продолжиме, рече министерот, додаде дека здравствените работници ќе го добијат бонусот од пет проценти овој месец.

Фирмите и самостојните вршители на дејност за помош за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава. Пролонгирањето е направено преку усвоен амандман денеска на Комисијата за Комсисијата за финансирање и буџет, каде се разгледуваат законските решенија од петиотиот пакет антикризни мерки.

Заев ја прифати оставката на секретарот за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на Програмата на Владата Драги Рашковски, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски и го повтори ставот дека набавката на софтверот за контрола во сообраќајот е спроведена во целосно транспарентна процедура во целосна согласност со Законот за јани набавки.

Оставката на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија не влијае на работата по предметите поврзани со него и постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите, информираат од Државната комисија за спречување на корупцијата – ДКСК.

Пресудата против обвинетите во предметот „Трезор“ меѓу кои е и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков, е уште една во низата потврди дека времето кога некои поединци беа над законите и дефинитивно е завршено, истакна пратеникот од СДСМ Миле Талевски на денешната прес-конференција.

Фирма на семејството Заеви, компанијата „Тотал Инженеринг”, денеска донираше комплетно опремено амбулантно возило за транспорт на пациенти на струмичката болница. Како што соопштија од болницата, покрај возилото, донирана е и заштитна опрема за вработените во Ковид центарот.

На денешен ден пред 9 години се случи грозоморното убиство на Смилковско езеро. Пет млади животи згаснаа без никаква причина, без никаков суд. Веста одекна брзо и посеа шок, гнев и жалење. Неизмерна тага и жал. Вчудовиденост, згрозеност и неверување дека е можно вакво нешто. За дамката врз овој монструозен чин да биде поголема и подлабока, после настанот, во многу придонесоа и тогашните власти, пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.

М. Миткоска

Next Post

Почина Берни Мејдоф, организатор на една од најголемите финансиски пирамиди во светот

Shortcut

Најново

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk