Името и дејноста на Гоце Делчев се вплетени во македонската историја како синоним за една автентична и искрена борба и пожртвуваност, како синоним на македонската државност кој има најголема моќ во паметењето на Македонците, напиша премиерот Зоран Заев на својата фејсбук-страница.
Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја со Република Северна Македонија, заедничка историја која е во основата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, напиша на Фејсбук премиерот во оставка на Бугарија Бојко Борисов по повод 118-годишнината од смртта на Делчев.
Владата на Република Северна Македонија на денешната 68-ма седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден.
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими сојузната министерка за Европската Унија и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер. На средбата, како што соопшти кабинетот на шефот на државата, беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави и беше изразена желба за понатамошно унапредување на политичките односи и економската и техничка соработка, при што беше нагласен интересот за интензивирање на политичкиот дијалог и размена на посети на високо ниво.
Напорно работиме на случајот на Северна Македонија, но уште не сме до посакуваната цел. Работиме со членките на ЕУ да се најде решениe и да се постигне согласност, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
Гоце Делчев, за кого на денешен ден обележуваме 118 години од неговата смрт, е историски херој кој несомнено бил застапник за македонска државност и учесник во борбата за слобода. За овој деец за кој денес говориме, без дилема, може да се каже дека претставувал вистински прогресивец на своето време. Време е конечно да го разбереме светот како поле за културен натпревар помеѓу народите, пишува Иван Дургутов.
М. Миткоска