ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Македонската економија е најслободна во регионот, на 17-то место во Европа и 33-то во светот, според фондацијата „Херитиџ“

Според Индексот на економски слободи за 2019, објавен од фондацијата „Херитиџ“ државата е рангирана на 33 место во светот според индексот на економски слободи за 2019 година, што е меѓународно признание за успесите во економијата и нашата држава ја става на прво место во регионот, како најслободна економија.

September 17, 2019 07:28
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве СДСМ објави дека извозот во првите седум месеци од годинава е за 14,5 отсто поголем во однос на истиот период од 2018 година. Според СДСМ, тоа е последниот показател за успешноста на економските реформи.

„Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални, видливи резултати од кои придобивки имаат сите граѓани. Економијата е стабилна и се движи во добар правец“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Според Индексот на економски слободи за 2019 на фондацијата „Херитиџ“, Македонија е рангирана на 33 место во светот според индексот на економски слободи за 2019 година, што е меѓународно признание за успесите во економијата и нашата држава ја става на прво место во регионот, како најслободна економија.

Ранг листа за економските слободи во светот 2019, според „Херитиџ“

При рангирањето, Индексот зема предвид четири фактори: владеење на правото, јавно трошење, регулаторна ефикасност и отвореност на пазарот. Македонија е оценета како макроекономски стабилна, но стои и препораката треба да се работи повеќе на фискалната политика, непродуктивните трошења и сивата економија.

Индекс на економските слободи 2019

„Како одговорна партија сериозно ги сфаќаме и критиките на „Херитиџ“.  Затоа, со политиките што веќе се имплементираат ќе се зајакне системот на спроведување на законите и подобрување на состојбите во адресираните прашања. Продолжуваме посветено да работиме на спроведување на политиките што обезбедуваат економски раст и развој, зголемена конкурентност и стопанство ослободено од политички притисоци. Градиме развојна економија што отвора шанса за сите“ – објавува Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Инфографик на „Херитиџ“ за економските слободи 2019, категорија Владеење на правото во контекст на еконосмките слободи во Македонија

Во Индексот се изнесени забелешки во категоријата Владеење на правото, каде што правото на сопственост е оценето со коефициентот 65,1, ефикасноста на судовите со 60,7, а владиниот интегритет со 44,7.

Инфографик на „Херитиџ“ за економските слободи 2019, категорија Отвореност на пазарот во контекст на еконосмките слободи во Македонија

Наспроти забелешките на сметка на владеењето на правото, во Индексот на „Херитиџ“, за економските слободи, Македонија бележи високи оценки во категоријата Регулаторна ефикасност и отвореноста на пазарот. Така, во категоријата Отвореност на пазарот, трговските слободи се оценети со коефициент 82 (од можни 100), инвестициските слободи со 65, а финансиските слободи со 60.

Инфографик на „Херитиџ“ за економските слободи 2019, категорија Регулаторна ефикасност во контекст на еконосмките слободи во Македонија

Во категоријата за оценка на регулаторната ефикасност, се бележат уште повисоки вредности, па така слободите за водење бизнис се оценети со коефициент 80,2, трудовите слободи со 71,5 и монетарните слободи со 78,7.

Џ. Дерала

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

    ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk