Важно е каква историја пишуваме сега. Нашите млади луѓе сакаат позитивна историја, да ги отвориме вратите и можностите за соработка, а не да бидеме заглавени во минатото, истакна премиерот Зоран Заев во неговото синоќешно гостување на Дненивкот на МТВ, во врска со отворањето на преговорите за членство во ЕУ и блокадата од Бугарија.
СДСМ е фаворит за престојните локални избори, но ние мора да предложиме, а граѓаните да изберат чесни и одговорни кандидати. Ќе овозможиме и членовите да гласаат или да се определат за некои од кандидатите. Верувам дека ова освежување со две третини нови членови во Централниот одбор, со нови луѓе на клучните позиции во партијата ќе продолжи во наредниот период и при изборот на кандидати за советници и градоначалници, кажа генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер, Љупчо Николовски.
Шест години подоцна, груевизмот е ослабен, но сè уште е тука. Го гледаме преку нивните еуфорични портали и медиуми. Го гледаме на Фејсбук, удира, ‘ржи, вреска и клевети. Ја бара својата мртва шанса, ја бара својата ужасна природа од насилство и линч. Нè удираа, нè тужеа, нè гонеа, a ние треперевме и се боревме – одлучни – за својот живот, пишува НЕНАД ЈОВАНОВИЌ.
Во вакциналните пунктови низ земјава денес, се вакцинираа повеќе политичари. Благој Бочварски, во вакциналниот пункт во Штип ја прими првата доза вакцина против против Ковид -19. Димитров и Маричиќ се вакцинираа на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Денеска се вакцинираат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, а се вакцинира и министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Навивачите на македонската фудбалска репрезентација ќе можат да ги следат настапите на нивните миленици на Европското првенство во Букурешт доколку покрај обезбеден билет, имаат и негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа при влезот во Романија, или пак имаат потврда за примени две дози на вакцини против Ковид 19.
М. Миткоска