ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стивнуваат ковид броjките, од идната недела можно олабавување на мерките

May 28, 2021 08:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за заразни болести денеска треба да ја разгледа можноста за олабавување на КОВИД-мерките и за укинување на полицискиот час, а прва тема за дискусија на состанокот ќе биде носењето маски на отворено. Одлуката на Комисијата зависи од проценката на целокупната епидемиолошка ситуација и на параметрите, но и од предвидувањата и информациите за КОВИД-соевите како индискиот, кои се потенцијален ризик за државата, пренесува МИА.

Во меѓувреме, бројот на заразени стивнува, а вакцинирани се речиси 228.000 граѓани.

Последниот официјален КОВИД-биланс е 53 нови случаи, 111 оздравени и 13 починати лица.

Поради ова, надлежните очекуваат ублажување на мерките од идната недела. Владината Група за процена, пак, вчера едногласно реши да предложи продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на КОВИД и спречување на неговото ширење.

– Земјаќи ги предвид бројките кои укажуваат на многу брзо стивнување на епидемијата, јас сум оптимист дека следната недела ќе има ублажување на мерките. Не би сакал да шпекулирам кои мерки конкретно. Меѓутоа, сите мерки кои се преземени, ќе подлегнат на уште една дополнителна ревизија. Ние како Министерство за здравство и како Влада, едвај чекаме да ги повлечеме мерките, но без да го ризикуваме здравјето на нашите граѓани, изјави заменик-министерот за здравство Илир Хасани.

На Хасани му пречи носењето маска на отворено. Го чувствува како товар. Тој е и за целосно укинување на полицискиот час, но, вели, за тоа треба да одлучи Комисијата за заразни болести.

– Комисијата ќе донесе одлука врз основа на целокупната епидемиолошка ситуација, на параметрите, врз основа на предвидувањата и информациите што ги имаме во однос на другите соеви кои се потенцијален ризик за нашата држава, како на пример индискиот и други. Треба да бидеме многу внимателни за да го зачуваме здравјето, нагласи Хасани.

Во однос на и натаму големиот број смрни случаи, заменик-министерот смета дека е очекувано тој да се намали две, три, а можеби и четири недели по намалувањето на бројот на новозаболени пациенти.

Како што соопшти Министерството за здравство, вкупно 249 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава, а има 538 празни болнички кревети. Во КОВИД-центрите, пак, се лекуваат 149 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Бројот на приеми се намалува, сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка. Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за КОВИД-пациенти.

Имунизацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата http://vakcinacija.mk е 425.422 граѓани. Вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 54.600 граѓани. Со последните бројки, 46 отсто од населението над 70 години и 40 проценти од населението над 65 години има примено барем една доза вакцина.

Масовна вакцинација се спроведува во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, како и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Премиерот Зоран Заев кој вчера ја прими втората доза „Синофарм“, уште еднаш ги повика граѓаните кои се уште не се регистрирале на порталот vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, за да се постигне колективен имунитет. Апел за регистрирање и вакцинација ушпати и министерот за здравство.

– Денеска ја примив втората доза на вакцината „Синофарм“. Се чувствувам одлично и продолжувам со работниот ден. Ги повикувам сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот www.vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, со цел да постигнеме колективен имунитет и да прогласиме победа врз пандемијата предизвикана од КОВИД-19. #ЗаштитиСе #ВакцинирајСе #ВакцинитеСпасуваатЖивот, напиша Заев на својата фејбуск-страница. /МИА/.

Next Post
Фото: frontline.mk

Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk