ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Воздухот во затворени простории може да е позагаден од воздухот надвор

May 28, 2021 10:18
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Да се обезбеди чист и квалитетен воздух во затворени простории, особено онаму каде што престојуваат деца, е еднакво важно како и борбата за почист амбиентален воздух. Квалитетот на воздухот што го дишиме дома, во градинките и училиштата или пак на работното место, сериозно влијае на здравјето на луѓето, особено заради фактот што со пандемијата на ковид-19, над 95 отсто од времето го поминуваме во затворен простор, информира МЕТА.мк.

Загадувањето на внатрешните простории понекогаш е со неколкупати повисоки концентрации на тоа на амбиенталниот воздух, покажуваат светски искуства, но и истражувањата направени во изминатата година во десет основни училишта во Општината Карпош, спроведени од Центарот за климатски промени, кои беа презентирани на конференцијата „Квалитет на воздухот и здравствени ризици од загадувањето на воздухот во затворените простории“.

Темата за аерозагадувањето е многу експлоатирана кај нас, но речиси и да не се зборува за квалитетот на она што го дишиме во внатрешните простории. Заради тоа, целта на проектот, нагласуваат од Центарот, е да се поттикнат политики кои ќе го заштитат здравјето и ќе ги подобрат условите за престој во училиштата. Во изминатата година биле направени мерења на ПМ 10, ПМ 2,5, ЦО2 и испарливи органски соединенија во сите основни училишта во Карпош, во училниците, холовите и спортските сали. Резултатите покажале дека во пет училишта дел од деновите било регистрирано покачување на просечните концентрации на ПМ 10, додека пак, во девет од десет училишта имало зголемени вредности на ПМ 2,5.

„Мерењата беа спроведувани во два наврати, првиот пат 14 дена, а вториот пат седум дена. Во нив беа регистрирани зголемени вредности на ПМ 10 во текот на три до седум дена, додека пак, зголемените вредности на ПМ 2,5 беа многу почести, во некои училишта и до 19 дена. Истражувањето покажа дека ПМ 2,5 честичките надвор може да се пониски од тие внатре, што значи дека концентрациите зависат и од внатрешните активности. Што се однесува со концентрациите на ЦО2, граничните вредности не беа надминати ниту еднаш, што не важи и за испарливите органски соединенија. Во сите училишта има зголемени вредности на овие соединенија во текот на целото мерење. Нивните извори можат да бидат најразлични, од средствата за хигиена, до различните парчиња мебел и лакирани површини“, вели Филип Стојановски од Центарот за климатски промени.

Итражувањето покажало и дека концентрациите на загадувањето секогаш се повисоки во холот и во салата додека децета се на настава и нагло се намалуваат кога завршуваат часовите. Еден од заклучоците е дека загадувањето во затворените простории го следи загадувањето на амбиенталниот воздух. Измерените вредности на ПМ во училиштата не се високи, а тоа е пред сè заради намалениот број на ученици за време на пандемијата.

Според проф. Дејан Мираковски од универзитетот „Гоце Делчев“ луѓето генерално, а особено во текот на последната година, најмногу од времето, или 95 проценти, го поминуваат во затворен простор. Тие тука се постојано во контакт со загадувачки материи од различни извори. Домовите, училиштата и другите објекти се нехерметички и постојано во контакт со надворешниот воздух, но влијание на загадувањето имаат и внатрешните извори на загадување како градежните материјали, чувањето миленици, хемикалиите од средствата за чистење, пушењето, мувлата, загревањето на печки, но и од радонот, природен гас од почвата.

„Македонија е позната по загаден воздух, но за жал нема научни истражувања на темата, особено за загадувањето во затворен простор. Ова особено се однесува на градинките и училиштата, за каде имаме податоци дека загадувањето на воздухот може да биде многу повисоко од амбиенталното. Тоа го докажавме со мерење на вредностите во училиште во Берово, каде воздухот е чист, но во затворените простории покажува повисоки концентрации на загаденост. Решенијата за овој проблем се различни, од вентилација на просториите, подобра хигиена и концентрирање на помалку луѓе во исто време, до користење на прочистувачи и системи на механичка вентилација“, вели Мираковски и нагласува дека за да се најдат добрите решенија неопходни се научни анализи, а особено е важно да се започне да се зборува на темата.

Подолгиот престој во просторија со загаден воздух може сериозно да влијае на здравјето на луѓето, а особено на децата. Според д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје, секоја година седум милиони луѓе умираат како последица од аерозагадувањето. Од аерополутантите, посочува, не страдаат само белите дробови туку целиот организам, а кај децата влијаат на развојот на мозокот и менталните способности дури и во феталната фаза на развој.

„Најчести се ефектите врз срцето, со појава на аритмија, врз мозокот како мозочен удар или оштетување, на периферните крвни садови…. Загадувањето предизвикува стареење и намален капацитет на белите дробови, астма, емфизем и други болести. Од ова влијание никој не е поштеден, а загрозени се сите возрасни категории“, посочува Ѓорѓев.

Рут Стујарт, амбасадорка на австралиската амбасада во Белград, посочи дека без разлика на изворите на загадување, неквалитетот на воздухот е главна закана на нашето здравје, особено доколку се работи за децата. Од причина што тие заради пандемијата многу повеќе време поминуваат внатре, прашањето како да се справиме со овој проблем е многу важно.

Еден од начините за подобрување на условите во кои учат децата, според градоначалникот на Општината Карпош, Стефан Богоев, е облагородувањето на нивната околина со зеленило и нови садници. Општината, посочи тој, активно работи на повеќе еколошки проекти во градинките и основните училишта. Резултат на тоа е енергетска ефикасност во сите десет школи, еколошки системи за ладење и греење, а засадени се и 300 ореви во дворовите на градинките и училиштата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Обвинетиот Спиро Ристовски ќе даде исказ за настаните од 27 април

НАЈНОВО

„Ѕвездено небо во чест на Панчо“ вечерва во Штип

October 15, 2025

Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

October 15, 2025
фото Лајен/Х

Фон дер Лајен се сретна со претставници на граѓанското општество: ЕУ е подготвена да ја поддржи Србија во градењето стабилна демократија

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk