Вкупната вредност на Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027 изнесува повеќе од осум милијарди евра, порача премиерот Зоран Заев при денешната презентација во Владата. Најголем дел од нив, како што кажа, се приватни инвестиции или грант донации од ЕУ, концесии, јавни приватни партнерства, или се заедно вкупно 4,2 милијарди евра.
Оваа година не очекуваме раст на цените на струјата заради соодветните политики што ги правиме за да направиме меко спуштање во либерализацијата во време кога приватните компании веќе се на слободниот пазар на електрична енергија и не можат да покријат дел од трошоците на домаќинствата, посочи Премиерот.
Јас останувам на ставот дека во наредниот период, јуни ја дава најдобрата шанса за почеток на преговорите, пред тоа остануваат уште две недели за да се надминат разликите. Има сериозен ангажаман на Португалското претседателство, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Додаде дека при крај се консултации и координации кој да биде амбасадор во Софија.
Дваесет и две компании кои имаат над 200 работни позиции беа дел од петиот по ред „Саем за кариера” во организација на Младински Културен Центар- Битола, каде сите кои се во потрага по работа, без досегашно искуство или пак им е потребна дообука, подобро да се запознаат, да се информираат и да го направат првиот чекор кон нивното вработување.
М. Миткоска