ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Подготовката на Законот за работните односи е пример како треба да функционира социјалниот дијалог

June 1, 2021 12:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Унапредување на социјалниот дијалог, подготовката на Законот за работните односи на транспарентен начин со вклученост на сите засегнати страни, како и развојот на социјалното претприемништво, беа само дел од темите што министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ги отвори пред студентите на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, пред кои зборуваше за институциите и пазарот на трудот.

Шахпаска, како што информираат од нејзиниот кабинет, прес студентите зборувала за начинот на кој се подготвува новиот системски Закон за работните односи, за кој се очекува наскоро да се отвори широка јавна расправа.

– Новиот Закон за работните односи ќе понуди модерни решенија кои ќе бидат во интерес и на работниците и на работодавачите. Меѓусебното усогласување и поддршката на овој Закон од сите засегнати страни се нашата гаранција дека новото законско решение доследно ќе се имплементира, Токму затоа имаме интензивни разговори, преговори и консултации со сите засегнати страни. Вклучени се сите релевантни институции, организации, социјални партнери, невладин сектор, претставници од стопанството, комори, претставници на академската јавност, нагласи министерката Шахпаска.

Шахпаска, се вели во соопштението, ја образложи работата на Министерството за труд и социјална политика во чија директна надлежност се најголемиот дел од прашањата поврзани со пазарот на труд.

– Министерството за труд и социјална политика е во центарот за координирање на пазарот на трудот во државата, работните односи, вработувањето и вработеноста, безбедноста и здравјето при работа. Кога ќе се земе во предвид дека во нашата држава има околу 720.000 вработени лица, 324.000 пензионери и 184.000 невработени, вкупниот број на граѓани кои се вклучени на пазарот на трудот е од прилика 1.200.000 лица. Тоа е сериозна бројка за која се креираат краткорочни, среднорочни и долгорочни политики,  посочи министерката Шахпаска.

Студентите, информираат од МТСП, исто така, се запознале со начините, механизмите, процесите на креирање, имплементација и следење на политиките, законските акти, конкретните програми и мерки кои имаат одредено влијание врз пазарот на труд во нашата држава, како и улогата која во тие процеси ја имаат некои од најзначајните институции.

извор: МИА

Next Post

Мислењето дека кој било градоначалник треба да гради капитални проекти е фараонско размислување, вели Шилегов

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk