ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Неделен преглед: Позитивни пораки од Макрон, САД со зголемена посветеност на македонско-бугарските односи, Северна Македонија на ЕУРО2020…

June 14, 2021 09:00
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај поразот, одличен натпревар на македонската репрезентација против Австрија на ЕУРО2020

 Македонската фудбалска репрезентација го започна својот настап на ЕУРО2020. Првото учество на македонската селекција на европски континентален собир во фудбал, започна со натпреварот против Австрија, кој се одигра на националната арена во Букурешт. Еурофоријата е голема, поддршката од нашите навивачи исто така, но првиот натпревар заврши со пораз. Капитенот Пандев вели дека можеме и уште повеќе и уште подобро и дека на следниот натпревар за три дена, одиме до крај и решително против Украина.

Позитивни пораки од Макрон

Францускиот претседател, Емануел Макрон, кој изминатите неколку години и не беше многу славен за македонските евроинтеграции, со оглед на тогашното инсистирање и воведување на нова преговарачка рамка, овој пат на официјалната средба со премиерот Заев, испрати силни позитивни пораки за нашата земја. Топлите зборови кои произлегоа од состанокот во Елисејската палата, сепак, потврдуваат дека можеме да сметаме и на Франција како наш поддржувач за отпочнување на претпристапните преговори со ЕУ. Парискиот ветер во грб силно дувна кон македонското тло, а се очекува да ги размрда работите и кај источниот сосед.

Извршната наредба на Бајден

Измените и дополнувањето на Извршната наредба на американскиот претседател, потврдуваат дека интересот за стабилност и просперитет на балканскиот регион останува и допрва ќе расте. На новиот претседател, Џо Бајден, на најголемата светска сила, не му требаше многу време да го увери светот дека САД продолжуваат да бидат на шините кои водат кон напредок на Западниот Балкан. За сите црни сили кои продолжуваат да играат на нотите на ретроградноста и приказните од минатото, простор ќе нема и тоа е евидентно од постапувањето и актите на Џо Бајден.

Уривање на дивоградбите на Охрдското езеро

Македонскиот бисер, Охридското Езеро, се соочува со уште еден крајно неповолен извештај од УНЕСКО. Обидите да се стави под контрола дивеењето на бреговите на езерото, продолжија со уривање на дел од плажите на крајбрежјето. Факт е дека дел од нелегалните плажи, односно концесионери со истечени концесии, претставуваа пристојни и добро посетени локали во најубавиот македонски град, но неспорно е и дека одлучноста и истрајноста за справување со урбаното дивеење треба да бидат поддржани. Знаејќи дека езерото не е распослано на територија на само една општина, посакуваното сценарио би било ваквите активности да продолжат и во соседните општини.

Порака од Советот на Европа: Регистрација на македонските здруженија во Бугарија

Советот на Европа преку Комитетот на министри упати јасна порака до соседна Бугарија околу одбивањето да се регистрираат македонски здруженија на бугарска територија и околу непостапувањето по одлуката на Европскиот суд за човекови права. Стразбуршкиот суд, уште пред 15 години, утврди дека е неосновано бланко одбивањето на бугарските власти да регистрираат здруженија на Македонци, како што е ОМО Илинден. Бугарската влада, доби конкретна задача, до 1 декември годинава, да извести до каде се предметите поврзани со оваа тематика и кои дејствија се преземени. Интересно ќе биде да се види, комшиите кои постојано се повикуваат на европски вредности и зборуваат за добрососедство, како ќе постапат во конкретните случаи и дали ќе има реална промена при администрирањето на барањата за формирање на здруженијата на нашинци.

Самит на земјите од Западен Балкан во Тирана

Западниот Балкан се собра во Тирана и испрати порака за економско и инвестициско поврзување на овие простори со Европската Унија. Премиерот Заев, кој беше и еден од учесниците, најави отпочнување на „one-stop shop“ систем на македонско-албанскиот граничен премин, а истовремено го отвори и македонскиот културно-информативен центар во Тирана. Време е регионот повеќе да се посвети на економија и инфраструктура, а помалку на полемика за историја и разлики и ваквите настани токму тоа го потврдуваат – дека граѓаните сакаат да почувствуваат видливи промени и подобрувања во нивниот секојдневен живот.

Иван Дургутов

Next Post
Фото: Stephen Philpott/ Unsplash

СДСМ: Недела ден за неделен одмор, посветени сме на унапредување на работничките права

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk