ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Јурумлери доби проширена градинка

Градинката „Морковче” конечно го доби потребниот капацитет за децата.

December 13, 2019 13:36
in РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски денеска го отворија проширениот дел од градинката „Морковче” во Јурумлери.

– Како Влада посветено работиме на зголемување на опфатот на деца во предучилишно образование за 50 отсто, за што забрано се зголемуваат капацитетите во детската заштита. На овој начин преку инвестициите во градинките инвестираме во раниот детски развој, а со тоа и во иднината на нашата држава. За идната година во Буџетот издвоивме 105 милиони денари за реконстрикција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари и обезбедени се дополнителни 15 милиони евра од Светска банка за изградба на градинки, рече Царовска.

 

Таа истакна дека освен што се зголемуваат капацитетите се работи на подобрување на воспитните програми и на јакнење на кадарот којшто се грижи и ги воспитува децата. Само во последната година платите на вработените во градинките се зголемени за 21 отсто што е најголемо покачување до сега.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека градинката „Морковче” во Јурумлери конечно го доби потребниот капацитет за децата.

– Доградбата на новата занимална од 74 квадратни метри овозможува сместување на 24 деца, а канцеларискиот простор кој не се користеше, го пренаменивме во јасли, со капацитет за нови 22 деца, а со тоа се доби уште една дополнителна занимална.Оваа градинка сега располага со капацитет за 120 деца кои ќе бидат поделени во групи, соодветни на секоја возраст, можност што досега ја немаа, рече Георгиевски.

Општина Гази Баба за оваа намена издвои 2,5 милиони денари, а со 500 илјади денари, од Министерството за труд и социјална политика е опремена градинката. 

Next Post

Стечајците добиваат по 8.200 денари – наспроти понижувањата во времето на Груевски

НАЈНОВО

Познати 32 учесници во Лигата на шампионите, остануваат слободни уште четири места

August 27, 2025

Граѓаните турнати во сиромаштија – инфлацијата руши рекорди, платите стагнираат

August 27, 2025
генерирано со ВИ

Почнува Европското првенство во кошарка 2025

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk