ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Иноваторски текстил за војнички униформи ќе детектира дневни гасови со промена на боја, од први јули укинување на роамингот за Западен Балкан

June 25, 2021 18:06
in ON THE HOUR, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Професорот од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје Игор Јорданов доби проект од НАТО што практично ќе значи револуција во квалитетот на војничката униформа, а се состои во креирање текстилен материјал за војничка униформа, која нема само да штити од температури и други надворешни влијанија, туку ќе биде и детектор за предупредување од опасности, како што е присуство на нервен гас. Од исклучителна важност за нас е што оваа технологија е наменета за нашите придпаници, а секако и за припадниците на армиите на земјите – членки на НАТО.

Во сабота, 26 јуни ќе се одржи втората парада на гордоста во Скопје, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. „Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество,“ велат организаторите на настанот.

Шаќири беше дел од состанокот на министри од 6-те земји од Западен Балкан. ,,Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1-ви јули”, рече министерот Шаќири.

Јас конечно ги разбрав луѓето што преферираат да живеат под јаремот на диктатурата. Тоа е вистинската слобода, а не демократијата! „Како тоа? Што му стана на човеков? Па цел живот се залага за демократија, за човекови права, за еднаквост!“ – ќе речете со право. Навистина, време е, кога човек ќе созрее да ги увиди своите грешки, колку и да се тие големи, пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.

Постојниот систем на здравствена заштита на затворениците треба да се подобри и многу сме блиску до наоѓање на дефинитивниот модел, на кој долго време се работи, вели министерот за здравство Венко Филипче по денешната изјава на омбудсманот. Тоа е проблем за којшто сме свесни подолго време и знам дека е информиран и Народниот правобранител и подолго време бараме решение.

Високи владини претставници и евроабасадори денеска во Охрид го усвоија Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови. Спречувањето на корупцијата во јавните набавки е еден од главните приоритети при процесот за пристапување кон Европската унија и економскиот напредок на земјите од Западен Балкан.

М. Миткоска

Next Post

Совет на амбасадори: Треба да се бараат посовремени начини на создавање на долгорочна стратегија за развој на добрососедските односи

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Уапсени три жени за планирање на терористички напад во Париз

November 8, 2025
Фото: Фронтлајн

До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво

November 8, 2025
Фото: МИА

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk