По извршена проверка во службена евиденција на граничниот премин Блато, од слобода е лишен албанскиот државјанин Ш.Ц. (33), откако било констатирано дека лицето е со мерка „апси“ по барање на Интерпол – Франција, информира МВР.
– Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица – Дебар за понатамошна постапка, се додава во соопштението од Министерството.
Полицијата во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера ги лиши од слобода Б.С. (29) и М.М. (26), двајцата од Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, при извршени претреси во домовите и други простории кај двете лица, биле пронајдени и одземени марихуана, синтетичка дрога амфетамин и парични средства.
Б.С. и М.М. се приведени во полициска станица и против нив до Основно јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.




