Пресудата за случајот „Организатори на 27 април“ ќе биде објавена на 26 јули од страна на Судечкиот совет од Основниот кривичен суд Скопје, предводен од судијата Илија Трпков. Владимир Атанасовски и другите обвинети во предметот „Организатори на 27 април“, да бидат ослободени од обвинението бидејќи Обвинителството не докажа дека истите го сториле кривичното дело коешто им се става на товар.
До крајот на август, околу 90 проценти од сите нови случаи на коронавирусот во ЕУ ќе бидат од сојот Делта. Ова беше објавено денеска во заедничката изјава на Европската агенција за лекови и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Корисниците на Android смартфони уште еднаш се предупредени за низа малициозни апликации што Google ги забрани, а оваа последна серија забранети апликации може сериозно да ги чини оние што ги презеле.
Преку „Планот спонзорирани летни одмори“ надлежното Министерство за туризам на Кипар им нуди попуст за летување на граѓаните, под услов да се вакцинирани, односно да имаат примено барем една доза или да прележале Ковид-19 во последните 180 дена, јави дописничката на МИА од Атина.





