ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Аполо 11 вселенската мисија која за прв пат спушти луѓе на Месечината, започна на денешен ден 1969 година

July 16, 2021 15:17
in TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Аполо 11 беше вселенскиот лет кој за прв пат спушти луѓе на Месечината. Тоа се случи на денешен ден – 16 јули, 1969 година. Командантот Нил Армстронг и пилотот на месечевиот модул Баз Олдрин го формираа американскиот екипаж кој го спушти лунарниот модул „Eagle“ на површината од Месечината на 20 јули 1969.

Армстронг стана првиот човек што стапна на површината на Месечината шест часа и 39 минути откако слета модулот, а Олдрин му се придружи 19 минути подоцна. Тие поминаа околу два часа и петнаесет минути заедно надвор од леталото и собраа 21,5 кг месечев материјал за да го однесат на Земјата.

Пилотот на командниот модул Мајкл Колинс пак, со командниот модул Колумбија беше во орбитата на Месечината додека тие беа на површината. Армстронг и Олдрин поминаа 21 час и 36 минути на површината на Месечината, на местото Tranquility Base, пред да се кренат за повторно да се приклучат на Колумбија во месечевата орбита.

Аполо 11 беше лансиран со ракета Сатурн V од вселенскиот центар Кенеди на островот Мерит, Флорида, на 16 јули во 13:32 часот по полноќ, и тоа беше петтата мисија со екипаж на програмата Аполо на НАСА. Вселенското летало „Аполо“ имаше три дела: команден модул со кабина за тројцата астронаути, единствениот дел што се врати на Земјата; сервисен модул, кој го поддржуваше командниот модул со погон, електрична енергија, кислород и вода; и лунарен модул кој имаше две фази – фаза на спуштање за слетување на Месечината и фаза на искачување за да ги врати астронаутите назад во орбитата на Месечината.

Откако биле испратени на Месечината од третата фаза на Сатурн V, астронаутите го одделиле леталото од него и патувале три дена додека не влегле во орбитата на Месечината. Амстронг и Олдрин потоа се преселија во лунарниот модул „Eagle“ и слетаа на Месечината.

Астронаутите ја користеа фазата на искачување на лунарниот модул за да се издигнат од месечевата површина и повторно да се приклучат на Колинс во командниот модул. Тие се вратија на Земјата и успешно паднаа во водите на Тихиот океан на 24 јули по повеќе од осум дена поминати во вселената.

Првиот чекор на Армстронг на површината на Месечината беше емитуван на ТВ во живо, низ целиот свет Тој го опиша настанот како „еден мал чекор за човекот, еден огромен скок за човештвото“.

Аполо 11 ефикасно ја докажа победата на САД во Вселенската трка за да демонстрира супериорност во вселенската програма, исполнувајќи ја националната цел предложена во 1961 година од претседателот Џон Ф. Кенеди, „пред да заврши оваа деценија, да слета човек на Месечината и да го врати безбедно на Земјата“.

Користени извор: NASA, BBC, Википедија

подготвил. Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

ЕПИ: Северна Македонија предничи пред земјите во регинот во управувањето со јавните финансии

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk