Во Токио започнува Свеченото отворање на Летните олимписки игри 2020. Церемонијата на „Националниот стадион“ во Токио изграден во 2019 година специјално за Игрите ќе се одржи без гледачи. На трибините ќе има само 950 службени лица: дипломати, спонзори и претставници на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Најавено е и присуство на 15 шефови на држави и меѓународни организации.
Од учесниците, Грција ќе влезе прва во арената, а Јапонија последна.
Олимпијадата ќе трае до 8 август.
			



