ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“ ослободени од овинението за „Тортура“

July 23, 2021 13:19
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: скриншот

Фото: скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“, обвинети во предметот „Тортура“, кој се однесува на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, денеска се ослободени од обвинение.

Судечкиот совет предводен од судијката Александра Ристеска ги ослободи од обвинение Сашо Мијалков, Ивица Анчевски, Петар Милошевски, Новица Станковски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани со образложение дека Јавното обвинителството не докажало надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат.

Како што истакна судијката Ристеска, каменот на сопнување на судот да донесе мериторна одлука бил недостиг на индивидуализацијата на дејствијата на извршување и експликација на битниот придонес на секој од поединечно обвинетите лица. Дополни дека токму овие спорни прашања, кои што биле недоволно разјаснети за судот, се провлекувале во текот на целата доказна постапка и тоа, според неа, е прва и последна причина зошто судот бил ажурен со дополнителни прашања.

– Самото обвинение во делот на поттикнувањето сторено од обвинетиот Сашо Мијалков за судот остана на ниво на претпоставка која што била основа за правење на теоријата на случај на јавниот обвинител во конкретниов предмет, без јасно утврден каузален тек на настаните, бидејќи судот, во конкретниов случај, нема законски овластувања да излегува надвор од диспозитивот на обвинението и да утврдува факти кои би значеле отуѓување од идентитетот на обвинението и пресудата на конкретниов случај, истакна Ристеска

Јавниот обвинител, во дополнението на доказната постапка, остана доследен на претходното поднесено обвинение и истото, според Ристеска, не го допрецизира на начин од кој што ќе може да се утврди кои дејствија на извршување на кривично дело или, каков битен придонес за извршување на кривичното дело имале поединечно сите обвинети.

Јавниот обвинител, Љубомир Лапе, по пресудата изјави дека обвинението е доволно прецизно и детално се опишани сите дејствија како соизвршителски дејствија и ваквата пресуда упатува порака дека ваквиот начин на апсење е дозволен со законот.

– Во модерните демократски цивилизирани општества, ваквиот начин на лишување од слобода е забранет и санкциониран. Судот пропушти да ги санкционира сторителите при состојба на јасни и недвосмислени докази, рече обвинителот при што дополни дека по добивање на пресудата ќе вложат жалба по сите основи и ќе остане на истото обвинение.

Случајот за апсењето на Љубе Бошкоски беше вратен во фаза на дополнение на доказна постапка, откако судијката Ристеска, која го води судењето за предметот „Тортура”, на 17 јуни оваа година, не ја објави најавената пресуда за овој случај.

Во доказната постапка Обвинителството тврдеше дека при апсењето на Бошкоски имало мачење и дека тоа било „реваншизам“. Тој не давал отпор, а била употребена полициска сила, бил легнат на земја во близина на полски тоалет кај ресторанот „Воденица“ во Скопје, бил враќан за да го снимаат телевизиските камери со цел јавно да го омаловажат, а сето тоа предизвикало психичко страдање.

Next Post

Димитров: Во следните шест месеци или ќе го обновиме кредибилитетот на ЕУ на Балканот или ќе го изгубиме

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk