Два пати интервенирале пожарникарите во Челопек во општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од РЦУК Куманово и од противпожарната единица на Старо Нагоричане. Оттаму велат дека првиот пожар бил регистриран од 11 па се до 12.30 часот, а гореле поранешни бараки. Вториот пожар пак бил регистриран во 15.20 и траел сѐ до 19 часот во Челопек, каде изгорела и куќа, објект, добиток и стрништа.
– Таму сè уште има дежурни екипи, пожарот е локализиран, изјави командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски.
– Пожар има над Довезенце, на еден повисок дел, таму е наша екипа, активно е и жариште на потег Горно Јачинце-Довезенце и на уште една локација Мургаш кон Горно Јачинце, каде се работи на догасување-изјави Илиевски.
По објавите во некои медиуми за жртва во Старо Нагоричане МИА побара одговор од МВР од каде велат дека постапуваат по пријава во Челопек, Старо Нагоричане.







































































































