Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ загубени во своите деструкции против образованието и против поголеми плати за наставниците не знаат дека учебната година почнува на 1 септември, велат од СДСМ. Од својата фабрика за лаги ќе треба да измислат нови невистини. Учебната година започнува во услови на пандемија преку пристап кој обезбедува безбедно и непречено одвивање на наставата, но и заштита на јавното здравје.
Зголемен интересот за примање на прва доза вакцина против коронавирусот, откако се најавија рестриктивните мерки, но и почна да се зголемува бројот на новозаразени. Дијана Коцева Миланова одговорен лекар на вакциналниот пункт во Здравствен дом-Штип вели дека дневно имаат и по 250 пациенти за примање на прва доза.
Спасовски денеска на својот Фејсбук профил напиша дека дел од пожарите во земјава се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе и токму заради тоа мора да имаме посериозна одговорност. Досега МВР има приведено 17 лица, повикани во полициска станица се 16 лица, имаме поднесено три кривични пријави и две прекршочни.
Општина Ѓорче Петров добива ново урбано јадро, нов јавен простор сместен во централниот дел од општината. Во завршна фаза е корзото во Ѓорче Петров, капитален проект во дел финансиран и со средства од Светска Банка.
Се запалија шумите низ целата земја, како и секоја година, насекаде низ светот. Дрилот е познат. Волонтерите во заднинските и пожарникарите во првите линии ги ризикуваат своите животи за да ги изгаснат пожарите. Тука се и стотиците војници и полицајци кои од првиот ден излегоа на фронтот… Пожар што не се гаси со вода, пишува Џабир Дерала.
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека има слаб интерес кај луѓето да се пријават на конкурсот за попишувачи за претстојниот Попис и оти им недостигаат од 1000 до 1500 лица.
М. М.