Создадени се услови за почеток на новата учебна година со физичко присуство, оцени денеска Главниот кризен штаб со кој раководеше премиерот Зоран Заев, на предлог на Министерството за образование и наука. Конечната одлука за начинот на кој ќе започне новата учебна година се очекува да биде донесена утре на Владина седница.
Владата на Република Северна Македонија со внимателност ја следи ситуацијата во Авганистан и е во постојана темелна координација со сојузничките држави од НАТО Алијансата, а првенствено со САД. Владата е во директна комуникација со компаниите во кои се вработени македонските граѓани кои се регистрирани во Авганистан.
Денеска на ТВ Алфа се појави црн екран со информација дека ќе емитува вести со скратено време. Причина за тоа е што вработените и хонорарците во ТВ Алфа не се исплатени повеќе месеци.
Реконструкцијата на Универзалната сала во центарот на Скопје е во полн ек. Денеска пристигна металната конструкција на новата сала со чие поставување ќе се овозможи брзо завршување на надворешноста на овој култен објект за Скопје и за скопјани. Проектот за реконструкција на Универзалната сала е изработен и е донација од познатиот архитект Бујар Муча.
Бројката на вакцинирани вработени во скопските градинки е повеќе од 65 проценти, информираше денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска по средбата со директорките на скопските градинки во пресрет на почнувањето на новата училишна година, кога се очекува зголемен бројот на дечиња во градинките.