На третиот антиваксерски протест одржан во Скопје на присутните им се обрати антиваксерка која се претстави дека е лекар и рече: Вирус не постои! Нема Ковид!
Вирусот не постои! Eве јас пијам од шише, не знам чиво е. Нема Ковид. Јас сум лекар…“ изјави на вчерашниот антиваксерски протест, жена која се претстави како лекар.
Додека лекарите деноноќно се борат против вирусот и спасуваат животи, антиваксерка на протест се претставува како лекар:
– Ако е лекар, под итно да и се одземе лиценцата, а ако не е, да и се стегне кривична пријава за лажно претставување!, велат од Фејсбук страницата „Сеир“.
J. Ѓ.