ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Иконому: Потребни ни се уште околу еден милион вакцинирани за колективен имунитет

August 30, 2021 17:26
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Позитивен е фактот што од средината на август постои нагорен тренд во закажувањето термини за вакцинација, но како што посочуваат експертите, за да изградиме колективен имунитет, потребни ни уште барем еден милион вакцинирани, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, а во однос на задолжителната вакцинација на здравствените работници порача дека нема да има никакво пролонгирање и од 1 септември невакцинираните ќе бидат на принуден одмор, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, Иконому објасни дека задутре истекува рокот за вакцинација на здравствените работници во јавните и приватните структури, а „законот што предвидува суспензија за оние кои не примиле барем една доза, ќе се спроведе и ќе се примени во целост“.

Тој додаде дека невакцинираните дури и да решат да се имунизираат по 1 септември, не е сигурно дека ќе се вратат на истите позиции.

– Владата треба да продолжи и ќе продолжи со спроведување на мерките, не од инает, не за да казнува, не за да се спротивставува, не за да не создава непријатели, туку да го заштити целото општество. И вакцинираните и невакцинираните наши сограѓани, рече портпаролот на грчката Влада.

Иконому истакна дека Владата ќе ја искористи секоја плодна идеја за да се охрабрат невакцинираните да се имунизираат, а како пример ја спомена пилотската програма на Министерството за здравство за вакцинација со мобилни единици пред црквите, како и ваучерот од 150 евра, т.н. „freedom pass“ за младите од 18 до 25 години.

– Според официјалните податоци на 27 јуни, еден ден пред објавувањето на мерката, младите на возраст од 18 до 25 години пријавени за вакцинација беа околу 130.000, 13,6 отсто од вкупно околу 953.000 млади. До 23 август, околу 410.000 или 43 проценти од оваа старосна група беа вакцинирани или веќе имаа закажано термин. Од нив, 308.603 го искористиле „freedom pass“ и се доделени 33,7 милиони евра, објасни Иконому и додаде дека сепак не може со сигурност да се каже на колку од вакцинираните им влијаела мерката, но сигурно е дека го забрза процесот.

Во изминатите денови, се погласни се информациите дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис подготвува реконструкција на Владата, нешто што би можело да се случи или во текот на денот, со оглед на тоа дека за утре е закажана владина седница, или во следните денови.

Портпаролот на Владата, одговарајќи на новинарско прашање за евентуалната реконструкција рече дека „потребата, степенот, длабочината, отпечатокот, карактерот на прераспределување на силите на Владата, е нешто што се однесува исклучиво на премиерот“. 

извор: МИА
Next Post

Новиот „Ајфон 13“, веројатно, ќе овозможи сателитски разговори

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk