Според кои критериуми се прават списоци за стипендии на млади спортски надежи во МК? Според постигнати резултати, или според лична волја на претседателите на спортските федерации…
Има ли некој надлежен што може да објасни зошто од последниот список за стипендии доставен до Агенцијата за млади и спорт е изоставен Никола Ѓуретановиќ, наш млад перспективен пливач којшто на последното државно првенство бил прогласен за најдобар пливач во категорија на постари пионери и во категорија на кадети и којшто на истото првенство го соборил државниот рекорд на 800 м. слободно со време подобро за речиси седум секунди од стариот рекорд? И којшто е сопственик уште на три други државни рекорди???
Каква порака до младите таленти испраќа со оваа неправда претседателот на федерацијата Александар Маленко? Дали сака да им каже, немојте да тренирате, немојте да спортувате, немојте да победувате, немојте да рушите рекорди, пошто на крај јас ќе бидам тој што ќе носи одлуки и што ќе ви ја одреди иднината!?
А. Лукароски