ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Да се пуштаат само попишувачите со легитимација, Бени Шаќири во трка за Скопје, намален државниот долг од 55,9 на 52 % од БДП

September 5, 2021 18:03
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
МИА

МИА

Османи иницирал итно формирање работна група за испитување на постоење евентуална закана за МНР во врска со приведениот дипломат. Како прво, вели Османи, согласно законските можности, на приведениот вработен му е ставен работниот однос во мирување и повлечен е од неговите задолженија во мисијата во ОБСЕ. Како второ ја наведува итната процедура за формирање на работната група. Како трето наведува дека работната група ќе добие и задолжение да оствари меѓуресорска соработка со правосудните служби и службите за безбедност, со цел да се подготви план за вонреден ветинг на дипломатијата.

Ако попишувачот нема легитимација, граѓаните да не го пуштаат дома, апелираше Симовски. Се подготвувавме толку време, стартувавме добро со намера да го спроведеме пописот да биде максимално успешен. Апсолутно не размислуваме на тема пописот да пропадне. Секој кој се обидува на било кој начин и од било која причина да пропадне овој процес, не им мисли добро на своите граѓани, рече Симовски.

Анкета: 71,5 отсто од невакцинираните во Грција се против Договорот од Преспа. На прашањето „Кое е вашето мислење за Договорот од Преспа?“, четири од десет анкетирани (40,7 отсто) одговориле „позитивно“ (23 проценти) или „веројатно позитивно“ (17,7 отсто), додека пак повеќе од половина (51,2 проценти) дале негативна оценка, односно 36,6 проценти изразиле „негативно“ мислење, а 14,6 проценти „веројатно негативно“.

СДК: Гостиварското обвинителство отвори истрага за сообраќајката пред Стража бидејќи има жртва, со Кичеец се возеле двајца српски државјани. Починатото лице било во камионетот. Во сообраќајката учествувале автомобили „мерецедес“, управуван од Милевски, „бмв“, и камионет. МВР веднаш ја потврди сообраќајката, како и тоа дека еден од учесниците е осудениот Милевски. За натамошни информации МВР упатува во Обвинителството кое го презеде случајот.

Потврда за позитивните економски политики на СДСМ е намалувањето на државниот долг од 55,9 % од БДП на 52 отсто. Истовремено, просечната плата континуирано се покачува и од јуни 2017 година е зголемена за над 6.500 денари на 28.744 денари“, рече Ковачевски.

Анчевска: Невработеноста кај младите намалена на 29%. Младите знаат дека СДСМ се бори за надминување на сите предизвици, со коишто се соочуваат, ги враќа парите кај граѓаните и обезбедува повисок животен стандард, а ВМРО-ДПМНЕ се бори за нова шанса за лично богатење. Затоа СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а на ВМРО-ДПМНЕ му претстои нов пораз од граѓаните“, изјави Анчевска.

СДСМ: Никој не се нафаќа да биде кандидат на губитничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Деструкции, лажни вести, неодговорно постапување е сето она што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го нудат целиот овој период. Затоа на 17 октомври ги чека нов пораз, кога граѓаните повторно ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води кон развој интеграција и напредок“, велат од партијата.

МВР: За три пати намален бројот на жртви во сообраќајки во август.

Бени Шаќири кандидат за градоначалник на Скопје, Никола Пановски носител на советничка листа од коалицијата „Одлучно за промени”.

Ахмети: Кандидатите за градоначалници на ДУИ имаат пет програмски цели, меѓу нив и зелената агенда.

Пожарот на Галичица се спушти на 1.600 метри надморска височина, во гаснењето се вклучи хеликоптер. Според најавите во текот на утрешниот ден ќе се делува со две летала од воздух. А ќе интервенираат и претставници на Центарот за управување со кризи, НП „Галичица“, Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица од Охрид и Службата за спасување на планина од охридскиот Црвен крст.

(ВИДЕО) Ангелов: Големиот број на експлозивни средства го отежнуваат гаснењето на пожарот на Галичица.  Овој пожар е четврти пожар на истото ова подрачје во последните 10-15 години според оние расположливи информации до коишто дојдовме. При секој пожар од местото каде што гори се слушаат детонации, експлозии, истрели од куршуми, вели Ангелов.

И. Т. З.

Next Post
МИА

Во Тетово заврши изградбата на затворен базен со средства од Агенцијата за млади и спорт

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk