ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Арсовска со утопистички ветувања за Скопје, Мисајловски како да не живеел во Ѓорче Петров во последните четири години

September 29, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

 Градоначалникот Шилегов презентираше дел од инфраструктурните проекти за наредните 4 години што ќе бидат од суштинско значење за целосно решавање на проблемот со метежот во градскиот сообраќај. Арсовска вети 250 нови еколошки автобуси. Добар градоначалник е оној кој што му служи на народот, велат од СДСМ. Мисајловски не сака да го прифати фактот дека СДСМ за четири години направи повеќе за Ѓорче Петров, отколку ВМРО-ДПМНЕ за дванаесет.

ПОЛИТИКА, ПОПИС И ИЗБОРИ

Се додека доаѓа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и вели дека поддршката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е недвосмислена, ние само треба да продолжиме да работиме, да се покажеме и докажеме и да ги убедиме дека заслужуваме да бидеме дел од Унијата, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На вчерашната владина седница не се разговараше за продолжување на пописот. Последниот збор околу продолжувањето ќе го има Државниот завод за статистика, рече денеска портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Владо Мисајловски десната рака на Миле Јанакиески, кој метар асфалт не стави постави во Ѓорче Петров додека беше министер за транспорт и врски, очигледно како да не живее во оваа општина. „На само 20 метри од местото каде денеска ширеше лажни вести, Мисајловски можеше да го види новото урбано јадро, Корзото во Ѓорче Петров, место што беше руина додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше општината, реагираат од СДСМ.

Во Центарот на градот ја градиме најголемата пешачка зона во Европа која ќе се протега од Собрание до Палома Бјанка и од Стара Железничка до Бит пазар, истакна Шилегов, додавајќи и други инфраструктурни проекти.

Обезбедување на 250 нови еколошки автобуси и бесплатен јавен превоз како решение на повеќе проблеми на Скопје, како средување на сообраќајниот хаос, намалување на загадувањето и подостапен јавен превоз за граѓаните, е еден од клучните проекти на независниот кандидат за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска.

Ова денешно ветување на Арсовска, Шилегов го оцена како утопија. Ако вчера вети бесплатен превоз на кој цело Скопје се смее, денес ова го надополни со нова уште поголема лага, ветување за 250 нови автобуси, вели тој.

Комуникацијата со граѓаните и решавањето на проблемите на граѓаните во општините ширум државата остануваат еден од главните приоритети на СДСМ. Најдобриот градоначалник му служи на народот и одлучува заедно со него, тоа е најдоброто за секоја општина, велат од СДСМ.

ЛАЖНИ ВЕСТИ

Незадоволен од резултатите од анкетата на агенцијата Брима, во која тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ заостануваат во рејтингот зад СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев, опозиционерот Христијан Мицковски обвини дека тие се лажни. ЦИВИЛ и рубриката „Кратки нозе“ ги презентираше демантите од сите обвинети страни, од кои се гледа дека нарачател на анкетата е Слободен печат, а не Владата, како и тоа дека Брима е истата Брима која со години спроведува анкети во земјава.

ПАНДЕМИЈА

Денес се регистрирани 454 нови лабораториски позитивни случаи. Регистрирани сe 308 оздравени пациенти, а починати се 9 лица.

СВЕТ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска му честиташе на кандидатот за канцелар на СПД, Олаф Шолц, за победата на последните парламентарни избори во Германија.

М. М.

Next Post

Фудбалер запросен од девојката, се расплака и рече „да“

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk