ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Мицкоски сака да ја спаси Македонија, a Македонија сака да се спаси од него, пишува Тричковски, визијата на ДПМНЕ во ретровизор

October 2, 2021 11:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Мицкоски е нашиот Мутлу: пијан човек, загубен во македонската шума, учествува во спасувањето на Македонија без да сфати дека Македонија бара спас од него….пишува Тричковски…Лагите и дезинформациите на ВМРО-ДПМНЕ кон Шилегов се само паника поради седмиот пораз кој ќе им го испорачаат скопјани, велат од СДСМ…Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за визија, гледа во ретровизор, смета Филипче…

ФРОНТ И РЕНДГЕН

Приказна за Мутлу и Мицко… Мицкоски е нашиот Мутлу: пијан човек, загубен во македонската шума, учествува во спасувањето на Македонија без да сфати дека Македонија бара спас од него….пишува секогаш искрениот Бранко Тричковски.

Судство

Musa Gümüş

ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА

Уапсениот дипломат Миленковски: Нема ништо што би укажувало на моја вина, жалам поради нарушениот углед на МНР и Владата. . За ништо на светот не би наштетил на мојата чест и углед, на семејството, на Министерството кое ми даде се во животот, ниту на Владата на РСМ. Бидете уверени дека ни во овој случај нема никаква вина кај мене, ниту прекршок, ни кривично дело, што е случај во целиот мој живот и кариера. Секако, тоа ќе го покаже и истрагата, пишува Миленковски во отвореното писмо.

Лагите и дезинформациите на ВМРО-ДПМНЕ кон Шилегов се само паника поради седмиот пораз кој ќе им го испорачаат скопјани. Засилената активност на фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ се вистински доказ дека оваа партија не успеа да ги убеди скопјани со позитивни идеи, план, концепт што значи помодерно и европско Скопје, велат од СДСМ.

Шилегов: Скопската чаршија е шаренилото на градот, воведуваме програми за поддршка на занаетчите. Град Скопје ги укина трошоците за фирмарина на сите економски субјекти на територијата на Град Скопје, како единствена давачка на бизнисите кон градот.

Филипче: Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за визија, гледа во ретровизор. Можело да се дуплираат платите на лекарите специјалисти и да се даде платен стаж на младите лекари, за да не заминуваат во Германија.Можело! Ама, некој друг не го правел тоа и сега ВМРО-ДПМНЕ зборува за некаква визија за Македонија, рече министерот за здравство Венко Филипче во Пробиштип.

(ВИДЕО) Цветковски од ТМОРО повторно „специфичен“: Срам да ви е, со г**на го наполнавте езероно. Кога ја претставуваше неговата изборна програма Гоце Цветковски рече „Тој динамичкиот план да биди динамички, а не да се стави на хартија и хартијата со години да стои во фиока. Срам да ви е, со го**а го наполнавте езероно“.
Гоце Цветковски ТМОРО

ПОПИС, ПРАВДА, ПАНДЕМИЈА

Македонски државјани живеат во повеќе од 170 земји во светот, најмногу во Швајцарија и Германија. Македонски граѓани има во Мали – 43, во Египет – 23, во Гана – 16, во Судан – 15, во Танзанија – 6, во Нигер – 2.  Двајца Македонци живеат во Либиска Арапска Џамахирија, тројца во Јужен Судан, шестмина во Танзанија, двајца во Нигер, 16 во Палестина.

Црвенковска: Методологијата за утврдување на сложеноста на судските предмети ќе ги растовари судиите со сложени предмети и ќе ја зголеми нивната ефикасност.

Истражување: Две третини од девојките се соочуваат со сексуално вознемирување на социјалните мрежи. Биле анкетирани 208 девојки на возраст од 18 до 25 години, кои одговориле на анкетата по електронски пат. Од Тетово се 150 девојки, 51 од Гостивар и останатите од другите места, при што 45,1 проценти се од рурални, а 54,8 проценти се од урбани средини.

Активни 12.089 ковид случаи, ревакцинирани 729.794 граѓани, трета доза примиле 235. Како што наведе Министерството за здравство во двомесечната анализа која ја објави вчера, позитивни од тестирани во периодот од 6 август заклучно со 30 септември 2021 во државава се 35 531 граѓанин.

TECH FRONT

AEK: 1.398.860 претплатници имаат пристап до интернет преку мобилна телефонија.

Најголем удел на пазарот според бројот на претплатници во мобилната телефонија има А1 Македонија, 49,78 проценти, пред Македонски Телеком (47,25 проценти), по што следат Лајка мобајл (1,76 проценти), Роби (1,19 проценти), како и Греенмобајл (0,02 проценти).

ИНФО ПИТ 

Утре посебен режим на сообраќајот во Скопје, ќе се трча Скопскиот маратон. Од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по наведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

И. Т. З. 
Next Post

(ВИДЕО) Шилегов до Арсовска: Големо благодарам што енергично ги наброја нашите најуспешни проекти

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Во Претседателството на БиХ нема поддршка за предлогот Трамп да добие номинација за Нобелова награда за мир

August 25, 2025

Гардијан: Венс во февруари барал замена за Зеленски, Залужни одбил телефонски повик

August 25, 2025

Остатоците од ураганот „Ерин“ стигнуваат во Европа – се очекуваат ветрови, обилни дождови и бранови до 12 метри

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk