Мицкоски не нуди проекти, но може да зборува за зајаци и магариња. Дали може Македонија да издржи толку демократија и избори, образложува во најновата колумна Сашо Орданоски.. Колку што јас живеам во Скопје, толку инфраструктурни зафати во северниот дел на Скопје немало“, му рече новинарот Насер Селмани на скопскиот градоначалник Петре Шилегов..
ФРОНТ И РЕНДГЕН
Може ли Македонијада издржи олку демократија?. Во наши услови, тоа значи дека за пет години сме „изгубиле“ две-три години во гласачки активности, кога ќе се пресметаат сите предизборни месеци, официјални и неофицијални кампањи, први и втори кругови на гласање и сите афтер-шокови од пребројувањето на гласовите, жалбите, тужбите и пост-изборните лелеци и „лижење на раните“.- колумна на Сашо Орданоски.
Наместо за проекти, Мицкоски зборува за зајaци и магариња. За Мицкоски минатото е само во изминатите четири години, тој критикува власт само затоа што е СДСМ, а ниту еднаш не се осврна на грабежот и криминалот кој владееја цели 11 години пред тоа, ниту пак се извини за грабежот на народот од веќе осуденик поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
(ВИДЕО) Селмани до Шилегов: И најголемите противници признаваат, толку инфраструктурни зафати во северниот дел на Скопје немало. Она што навистина мора да ви се признае, дури и најголемите противници тоа го признаваат, дека навистина сте работеле на избалансиран приод во подобрување на инфраструктурата. Колку што јас живеам во Скопје, толку инфраструктурни зафати во северниот дел на Скопје немало“, му рече новинарот Насер Селмани на скопскиот градоначалник Петре Шилегов..
Лукаревска во Битола: Четири години и долгови враќаме и градиме и услуги обезбедуваме, имаме план за развој. Таква ни е среќата, секогаш почнуваме од почеток, како од темел да ја градиме државата, ама, можеме, зашто ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда. Така беше и овде во општина Битола, успеавме, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на трибината во Битола.
ПОЛИТИКА И ЕКОНОМИЈА
Русија протерамакедонски дипломат, Оливера Чаушевска-Димовска била повикана во МНР каде ѝ била врачена нота. Мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за ’персона нон грата‘ донесена од страна на Северна Македонија во август оваа година“, соопшти руското МНР.
Азески: Струјата ќе нè „дрма“ во наредниот период. Покрај последиците од пандемијата, снабдувањето со електрична енергија во наредните години ќе биде прашање со кое ќе се занимаваме 24/7, предвидува претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.Азески укажува дека цената на електричната енергија на берзата за енергија во Будимпешта (HUDEX) за последните 12 месеци порасна, од 57 евра за мегават час на 1.01.2021 година, до 138 евра за мегават час на 27.09.2021 година.
Оптимизам за решение со Бугарија по изборите, Самитот ЕУ-Западен Балкан дополнителна мотивација. Премиерот Зоран Заев смета дека само со разговор и дијалог може да се изнајдат решенија, а според претседателот Стево Пендаровски, тоа треба да е усогласено со Договорот за пријателство и соработка.
ЗЕЛЕНА
Почнува со работа РЕДИ Рециклажа, зградите во Аеродром и Карпош да се пријават за селекција на отпад. За министерката Шахпаска, ова социјално претпријатие е многу важно и очекува да ја оствари својата мисија – Ромите од Северна Македонија да бидат дел од зелената економија, да добијат заштита како собирачи на отпад и да го формализираат своето работење и препознавање во системот.
СВЕТ
Експерти: Поради делта варијантата можеби ќе треба 90 % од луѓето да се вакцинираат. Доктор Ентони Фаучи, водечкиот американски експерт за заразни болести, во мај рече дека уште еден бран на инфекција на есен може да се спречи доколку до 4 јули се вакцинираат 70 проценти од населението.
Карикатуристот кој го нацрта пророкот Мухамедзагина во сообраќајна несреќа. Цртежот предизвика бес и го натера тогашниот премиер Фредрик Рајнфелд да се сретне со амбасадорите од 22 муслимански земји во обид да ги смири тензиите.