ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на денот: Која е таа битна промена во ВМРО ДПМНЕ за да посакам повторно да биде на власт, имаме најголема подготвеност за членство во ЕУ

October 20, 2021 21:15
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Поддршка за СДСМ стасува од сите страни,Изградбата на мостови и улици кои поврзуваат и обединуваат, потенцира Шилегов, не смее да запре, а изградбата на европско и урбано Скопје мора да продолжи. Kоја е таа битна промена во ВМРО-ДПМНЕ за да посакам повторно да биде на власт? Која од грешките направени во време на своето владеење ВМРО ДПМНЕ ја препозна како грешка?, прашува професорката Најчевска. Дали Бранко локално го поздрави Зоки?, пишува во најновата колумна Сашо Орданоски.

ФРОНТ, РЕНДГЕН, АХА

Впрочем, немаше Заев вчера да испраќа писмо до сопственото партиско членство – и тој, како своевремено Груевски во својата прочуена партиска епистола, вели дека „сега е време за борба (збор што го повторува 5-6 пати во обраќањето – м.з.)… против злото… и враќањето на режимот“ итн. – со наслов „Обединување!“, ако во самата партија не заклучиле дека мора да постои извесно внатрепартиско „разединување“ по повод тековните изборни резултати, пишува колумнистот Сашо Орданоски во најновата колумна со наслов Дали Бранко локално го поздрави Зоки?

30 години, другарки и другари, главните прашања за тоа каде оди македонската политичка локомотива се: кој колку украл, кој колку грабнал, кој колку ја оштетил државата, кој колку се нафатирал со државен имот, кој колку пари собрал на грбот на граѓаните. У тунелу у сред мрака, со осум или шеснајс крака, Македонија од к*р на к*р скака. И 30 години така, па така… пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.

Која е таа битна промена која е направена во самото ВМРО ДПМНЕ, за да посакам повторно да биде на власт? -прашува професорката Мирјана Најчевска.

Шефе, пакувај куферите!…насмејте се или поплачете со најновата сатира на РИБАРО. Изборот е Ваш!

АПАСИЕВ СО „КРАТКИ НОЗЕ“ ЗА ОБВИНЕНИЕТО КОН БРАЌАТА МАСЛАРКОВСКИ, КАНДИДАТИ ЗА СОВЕТНИЦИ ОД ЛЕВИЦА

Руски рулет

ПОЛИТИКА И ИЗБОРИ

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска го предаде извештајот на Европската Комисија за прогресот на Северна Македонија, кој во целост го потврдува напредокот на кој посветено работиме, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев. Тој нагласи дека извештајот ја нагласува цврстата и одлучна имплементација на ЕУ реформите, особено во клучните области како што се владеење на правото, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Дерала во Клик Плус, ТВ21: Демократски избори, да, но за фингерпринт апаратите треба да има одговорност. ДИК најверојатно и не можеше да гарантира успешност, но некаква одговорност мора да има. Мора да се разговара во јавноста, како да се надмине оваа ситуација. Имаше избирачки одбори кои отворија навреме, во 7, но се доцнеше затоа што избирачките одбори не можеа да ги стават во функција апаратите“ – рече Дерала.

Актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за уште еден мандат Петре Шилегов смета дека политичкиот сигнал што го испратила коалицијата ЛДП-ДОМ е дека остануваат во политичкото мнозинство, поради што очекува поддршка од нивните поддржувачи. Побара и силна поддршка од сите граѓани во вториот изборен круг, за, како што рече, Скопје да продолжи да се движи во вистинска насока

Демократскиот сојуз ги повика своите членови и симпатизери, како и сите граѓани, на 31 октомври 2021 година, да излезат масовно и да гласаат за кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ.

Движењето БЕСА во првиот круг од изборите успеа да ги исполни очекувањата поставени од Изборниот штаб на партијата и нормално во вториот круг како апсолутни фаворити влегуваме во општините Тетово и Желино, велат од партијата. „Воедно сакаме да ја имформираме пошироката јавност дека Владината коалиција е стабилна без разлика дека на многу места во вториот круг се натпреваруваме меѓу себе.

Имаме најголема подготвеност со средна оценка од 3,02 во областите и поглавјата од Кластерот 1 – темели/фундаменти, дури и во однос на земјите кои повеќе години преговараат за членство. Србија со средна оценка од 2,68 и Црна Гора со средна оценка од 2,83. Ова го покажува првичната анализа на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Опозицијата ги блокираше законите што ЕК ги пофали, истакна Маричиќ. Овие извештаи реално ги прикажуваат позитивните и негативните страни, уважени се сите напори за спроведување на Стратегијата за реформи во судството, напорите за завршување на случаите на СЈО, напорите на ДКСК за случаи со висока корупција, измените во Законот за Академијата за судии и обвинители што опозицијата не сакаше да е со европско знаменце и други.

Нашата политика во наредните четири години е фокусирана на подигнување на нивото и квалитетот на одржување на постојното зеленило и садници и воспоставување нови зелени површини, а клучниот капитален проект е изградбата на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4, напиша Весковски на Фејсбук.

 

В.К

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЕК: Да се зајакне меѓуинституционалната соработка за заштита на културното наследство

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Слот потврди – Ливерпул во целост ќе го исплати договорот на семејството на Диого Жота

September 26, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски за Лукароски: Сотир ми е другар од детство и нема да ги изневери карпошани.

September 26, 2025

Ердоган: Постигнавме „заедничко разбирање“ со Трамп за примирје и траен мир во Газа

September 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Група од 25 водечки тенисери во светот бараат поголем „колач“ од Гренд слем турнирите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk