Никола Наумоски од Град Скопје, со објава на Фејсбук реагира на спот од кандидатката за градоначалник поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, во кој се најавуваат изградба на булевари.
Тој нагласува дека Данела и нејзиниот тим не само што не ги знаат каде се наоѓаат булеварите, туку и не знаат дека се веќе изградени.
„Немаат поим што е Скопје и кои се неговите булевари! Нит Данела, нит нејзиниот тим! Како инаку би можеле да одобрат ваква реклама!? Не само што не ги знаат каде се наоѓаат булеварите, туку и не знаат дека се веќе изградени!
Белото на сликата е бул. Словенија, најдобра менаџерке на сите времиња, не е бул. БиХ! Бул. БиХ е десно од него и е целосно изграден. Од Мак-Кос Бригада до ХТ Карпош. Сте му ја дуплирале должината на идниот бул. Хрватска заради вашето незнаење!“, пишува Наумоски.