На социјалната мрежа Твитер објавена е информација за новиот градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Во објавата/твитот на Џи-герче @frank_furt567, пишува дека „новиот градоначалник на Гази Баба дал наредба сите вработени кои не се од ВМРО да бидат прераспоредени од Општината по месните заедници во околните села“. Додаден е и хаштагот #Режимот се врати.
Во врска со оваа објава, Редакцијата Фронтлајн испрати прашање до седиштетото на ВМРО-ДПМНЕ.
Новиот градоначалник од вмро на општина Гази Баба, дал наредба сите вработени кои не се од вмро да бидат прераспоредени од општината по месните заедници во околните села.#РежимотСеВрати
— Џи-герче (@frank_furt567) October 26, 2021
Инаку, пред два дена, доскорешниот градоначалник Борис Георгиевски му ја предаде Општината на Стефковски и во Фејсук објавата напиша дека ја предава без долгови, иако ја наследил со долг од над два милиони евра.
„Денеска му ја предадов функцијата на новиот градоначалник на #ГазиБаба, Бобан Стефковски. Во оваа прилика би сакал само да потсетам дека пред четири години општината ја наследив со повеќе од 2 милиони евра долг, без проекти и можност за блокирање на сметката. За разлика оттогаш, денеска општината ја оставам со повеќе од 3.250.000 евра приходи на сметката и без долгови“, напиша Борис Георгиевски на својот Фејсбук профил на 25 октомври.