ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Екс-градоначалник на Македонска Каменица и актуелен кандидат од ВМРО-ДПМНЕ купувале гласови?

October 29, 2021 12:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, СКАНДАЛИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

На социјалната мрежа Твитер, на профилот Дан(и)ела за Петрич @DanIelaKmetica, објавена е Вибер комуникација, која наводно се одвива помеѓу поранешниот градоначалник на Македонска Каменица, Дарко Митевски и сегашниот кандидат за градоначалник,  Димчо Атанасовски -Џими, двајцата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според објавата, тие договараат поткуп на гласачи. 

❗️Од вибер комуникацијата на поранешниот градоначалник Дарко Митевски и сегашниот кандидат за градоначалник Димчо Атанасовски -Џими за Македонска Каменица се гледа како договраат поткуп на гласови?, тепање ? на се што е против вмро. Да гласаме сите за реформирано ВМРО ДПМНЕ pic.twitter.com/orlVdglHuE

— Дан(и)ела за Петрич (@DanIelaKmetica) October 29, 2021

Од комуникацијата може да се прочита дека пари за гласови се обезбедени и дека ако треба и ќе се „тепа се што не ВМРО“.


Инаку, во септември минатата година, надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Дарко Митевски од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Во периодот од 01.01.2017 до 30.05.2017, пријавениот, како поранешен градоначалник на општина Македонска Каменица, без да спроведе постапка со барање за прибирање понуди и спротивно на член 28 и член 100 од Законот за јавни набавки, во повеќе наврати без одлука и спроведена постапка за јавна набавка извршил набавка на стоки и услуги во вредност над 500 евра, во денарска противвредност без да овозможи еднаков третман на економските оператори и без да спроведе транспарентна постапка при процесот на набавки на стоки и услуги, извршил и набавка на стоки и услуги од повеќе правни лица во вкупна вредност од 403.996 денари и овозможил на правните лица од кои извршил набавка да се
стекнат со некаква корист,“ пишуваше во соопштението од МВР од 28.09.2020 година.

Next Post

МЗ:73% од новите случаи и 75% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk