На овие избори ние не покажавме дека сите СЕ исти. Покажавме дека сите НИ СЕ исти. Сметката за тоа допрва ќе ни биде испорачана. Заев замина од премиерската функција со крената глава. Гордо и донстоинствено како што и дојде. Времето ќе го суди неговото наследство, но дури и да судиме само по неговата последна одлука, таа да се повлече – тоа е целата разлика која ни е потребна, напиша Павле Богоевски на Фејсбук.
„Од едната страна, тие кои се вратија се истите кои беа подготвени целата држава да ја втурнат во насилство, крв и омраза само за да ја зачуваат власта. Тие се подготвени повторно да го сторат истото, и полошо.
Од другата страна, Заев покажа дека ја цени волјата на граѓаните, но и дека ја сака и почитува својата функција доволно за да се повлече и да поднесе одговорност кога граѓаните ќе го побараат тоа. Мирно, достоинствено и без никаков конфликт.
Вредностите над функцијата. Респект, другар!!!“, напиша Богоевски.