ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Голема ѓурултија во партиската канцеларија на Левица, прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, рационално да се користат службените возила и трошоците за угостителски услуги од страна на градоначалниците

November 9, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Николовски со апел до новоизбраните градоначалници да порационално да ги користат службените возила и трошоците за угостителските услуги. Народна банка соопштува раст од 3,9 проценти и инфлација од 3,1 процент за годинава, засега не се очекуваат шокови. Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија.

ПОЛИТИКА И ЕКОНОМИЈА

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд синоќа изјави дека доколку Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата. Во синоќешната емисија „Клик плус“ на ТВ21, каде се разговараше за последните политички случувања, истакна дека во тој случај тој најверојатно ќе го напушти и пратеничкиот мандат.

Холандскиот премиер Марк Руте утре ќе престојува во посета на Северна Македонија, потврдија од Владата. Ова е прва посета на холандски премиер на државава, а се случува во момент кога земјата е соочена со политичка криза и ден пред гласањето доверба на Владата. Руте доаѓа во Скопје и во време на блокада од Бугарија на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Вечерта на 5 ноември, кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, триумфално, на својот Фејсбук профил соопшти дека е формирано ново парламентарно мнозинство во Собранието со поддршка на Левица, Беса, АА и Алтернатива, Левица уште потриумфално соопшти дека е постигнат договор за пад на владата на СДСМ и ДУИ и дека ДУИ конечно ќе оди во опозиција. За каква историска шанса зборува Апасиев?

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ги повикува сите новоизбрани градоначалници да го следат примерот на Владата за донесување на одлуки за регулирање на начинот на користење на службените возила и трошоците за угостителски услуги за работни состаноци.

Само три години поминаа од заканите по живот упатени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните симпатизери до пратениците кои гласаа за уставните измени. Тие пратеници тогаш бараа полициска и заштита од странските дипломатски претставништва, плашејќи се за своите животи. Сепак денес, токму заканувачите од ВМРО-ДПМНЕ се тие кои обвинуваат дека некој друг прави притисоци и закани кон пратеници.

Закрепнување на македонската економија со раст од 3,9 проценти за оваа и за следната година предвидува Народната банка во најновите макроекономски проекции. На среден рок се очекува умерено забрзување. Инфлацијата е проектирана на 3,1 процент и направена е умерена нагорна корекција во однос на априлската проекција, а следната година се очекува инфлацијата да биде 2,4 проценти.

Постои одговорност и кај конкретни држави од Европската Унија, вели поранешниот амбасадор на Грција во Скопје Александрос Маљас за грчката телевизија „Скај“, анализирајќи ги случувањата кај нас и објасни дека актуелната ситуација се должи и на неуспехот на некои земји од ЕУ да дадат зелено светло за пристапни преговори.

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија.

АХА !

– Со скафандериве шо ќе праиме. Со скафандериве шо ќе праам, аааааа…?! Голема ѓурултија се случувало во партиската канцеларија на Левица. Димче Апасиев, како што јавуваат за АХА партиски извори, имал една од многуте епизоди со самиот себе. – Како само сам се зајебо. Се слушаш ли некогаш што зборуваш бе?!, си се карал Димче со својот одраз во огледалото.

ПАНДЕМИЈА

Во Институтот за белодборни заболувања кај децата – Козле се хоспитализирани 21 дете заболено од Ковид-19. Сите деца се во добра општа состојба. Ова за МИА го изјави директорот на таа јавна здравствена установа, Бесник Зеќири. Тој посочи дека хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години.

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Дали Апасиев и Села ќе бркаат Македонци од работа и ќе укинат двојазичност, како што се залагаат

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Двајца убиени и петмина повредени во престрелка во Ница

October 4, 2025

Кузеска: Мицкоски потпишал договор со фирмата што ја нарекуваше „епски криминал“

October 4, 2025

Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk