Креаторите на безбедносно-разузнавачката акција „Коњички скок“ во Будимпешта не се целосно задоволни од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се работи за дел од доста компромитирани и исцрпени кадри против кои се води кривична постапка. Затоа, мораше да се најде лице, кое не беше оптоварено со наведените хипотеки. Пронајден е нов симбол за рушење на актуелната власт во лицето на Данела Арсовска, новоизбраната градоначалничка на Скопје, која формално се кандидираше како независен кандидат, а во основа е проект на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска до сега извршуваше различни функции со благослов на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно е и почесен конзул на Унгарија и државјанин на Бугарија, што сликовито ја претставува како „манџуриска“„кандидатка.
Ова се наведува во анализата со наслов: „Северна Македонија 2021: Албанците ја предаваат државата во руски раце?“од Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, за актуелната политичка ситуација во Северна Македонија по повод локалните избори и седницата на македонското Собрание за изгласување недоверба на актуелната влада.
Аналитичарите сметаат дека безбедносно-разузнавачката операција „Коњички скок“ досега е успешно спроведена и реализирана, со проекции дека наскоро ќе ја урне владата на Зоран Заев, ќе ја запре демократизацијата на Северна Македонија и ќе започне политички процеси со поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија, Договорот од Преспа, Охридскиот договор, но и ја доведуваат во прашање веродостојноста на членството на Македонија во НАТО. Веќе не станува збор за политичката судбина на Зоран Заев, туку за судбината и иднината на Северна Македонија како држава, но и како регион.
Аналитичарите предупредуваат дека граѓаните не се целосно задоволни од темпото на промени и општествениот развој на Северна Македонија, што може да се смета донекаде и оправдано. Сепак, истражувањата покажаа дека северна Македонија сè уште е под силно влијание на неформалниот центар на моќ, симболизиран од тројката Груевски-Мијалков-Камчев, и сè уште држи дел од државата „заробен“ и делува субверзивно против власта за да произведе незадоволство. Производството на незадоволство е во функција на рушење на власта, имајќи предвид дека имаат значителни средства, а локалните избори беа уште една шанса да се урне владата на Зоран Заев, односно да се дестабилизира Северна Македонија и да се врати државата во врмеето пред 2017 година. Аналитичарите предупредуваат дека НАТО ги потцени безбедносните закани за Северна Македонија, кои се поврзани со интензивното дејствување на рускиот фактор во таа земја и фактот дека Северна Македонија се соочува со историски пресврт и најтешка ситуација од независноста во 1991 година.
Сличен обид на „манџурискиот кандидат“ имаше и на претседателските избори кога Никола Груевски или ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да извршат своевидна контрареволуција како одговор на „Шарената револуција“ преку нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова која со помош на рускиот фактор и на дел од албанците се обиде да ја избрише колективната меморија за сè што се случуваше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нејзините настапи се базираа на игнорирање на 11-годишното владеење на дуото Никола Груевски (ВМРО -ДМПНЕ) – Сашо Мијалков и катастрофални последици од тоа владеење, се вели во анализата од ИФИМЕС.







