Откако новиот градоначалник на Тетово, Биљал Касами реши да го „ослободи“ булеварот „Илинденска“ од столбчињата кои ја обележуваа велосипедската патека, на оваа фрекфентна улицата се создаде метеж, а според фотографиите објавени на Твитер, можат да се забележат и многу паркирани автомобили.
Градоначалникот на Тетово, Касами, вчера на Фејсбук напиша дека се отстрануваат столбчињата, дека велосипедската патека на тоа место повеќе нема да постои и оти ќе правел нова, по европски станадарди, но не наведе конкретно место. Тој објави и фотографии дека е на самото место додека се вадат столбчињата.
З. И.










