Сопственикот на автопревозникот Беса Транс, Беким Хаџиу, синоќа на Фејсбук им изрази сочувство на семејствата на жртвите од сообраќајката во која 45 граѓани ги загубија животите патувајќи во автобус на неговата компанија, за кој органите обзнанија дека немал извод од лиценца, а не бил евидентиран на границата кога ја напуштил земјата на патувањето за Истанбул, пренесува Слободен печат.
,,Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување. Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за фамилија. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира”, напиша Хаџиу на Фејсбук.
Државниот јавен обинител Љубомир Јовески рече дека Обвинителството ги прибирапотребните документации, а потоа ќе биде донесена соодветна одлука.
„Веднаш по сообраќајната несреќа документацијата од команијата Беса Транс е одземена. Ве уверувам за било кое лице доколку има основ, Обвиниелството ќе отвори постапка“, изјави Јовекси.
Државниот јавен обвинител информираше дека е отворен предмет за Беса Транс и дека податоците што се собираат на барање на бугарските обвинители, во исто време ќе се користат и во делот на тој предмет, а со цел на расчистување на сите ситуации поврзани со несреќата, од документација за автобусот до тоа како тој ги поминувал границите.
Извор: Слободен печат