ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Намалување на бројот на новозаразени и на хоспитализирани

December 22, 2021 08:06
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, бројот на новозаразени од КОВИД-19 е намален 8 отсто минатата седмица во споредба со претходната. Од 13 до 19 декември заболеле 1922  лица.

Тестирани се 19 943, за 8,1 отсто повеќе од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 6,9 до 12,4, а просечно 9,6. Најмногу новозаразени има во Скопје.

Намалување на заболени има во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (22,8 отсто). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,5 отсто). Според полот, 52,8 отсто од заболените се жени, а 47,2 мажи.

Пријавени се 66 смртни случаи, најмногу (19) во Скопје и од  возрасната група над 60 години (80,3 проценти).

Во минатата недела (13-19 декември) биле регистрирани 36 реинфекции на коронавирусот, а од почетокот на епидемијата вкупно се пријавени 1013 повторени инфекции односно 0,46 отсто од вкупно 221 411 заразени заклучно со 19 декември.

Хоспитализирани се 347 што е за 18,7 отсто помалку од претходната недела. Од нив, 243 се на кислородна поддршка и 12 на механичка вентилација.

Според податоците на ИЈЗ за вчера, регистрирани се 335 нови случаи на КОВИД-19 од 3.543 тестирања, од кои 179 во Скопје. Евидентирани беа 515 оздравени пациенти и 13 починати лица. Осум се починати во 24 часа, а пет се со датум на смрт од 26 ноември до 16 декември 2021.  Вкупниот број смртни случаи како последица на коронавирусот достигна 7.838. Активни случаи во целата држава има 5.182.

Со најновата одлука на германските власти, им се дозволува неограничен влез во Германија на сите државјани на Северна Македонија која повеќе не се смета за „ковид ризична област” во Сојузна Република Германија.

Сепак, како што соопшти Министерството за надворешни работи, сите лица над 12 години кои пристигнуваат во Германија, без разлика со кој вид транспорт, и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација.

Со најновата одлука на Грција, сите патници над петгодишна возраст при влез во Грција, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болест, мора да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест (не постар од 72 часа) или потврда за негативен резултат од рапид-тест (не постар од 24 часа), наведоа од МНР.

За влез во Австрија, пак, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вакцинација или доказ за примена бустер доза на вакцина или доказ за прележана болест (не постари од шест месеци), заедно со негативен ПЦР-тест (не постар од 72 часа). Во овие случаи не се определува мерка карантин.

Европската комисија вчера усвои регулатива за важење на сертификатите за Ковид-19 девет месеци од примарната вакцинација, изјави претставник на Европска Унија. Новите прописи ќе бидат обврзувачки за 27 земји-членки од 1 февруари.

Откако беше првпат регистриран во Јужна Африка во ноември, сојот омикрон е идентификуван во десетици земји, што ги урна надежите дека најлошото од пандемијата е зад нас.

Поради брзиот пораст на бројот на новозаразени, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус апелираше дека е подобро да се откажат  прославите.

Тој вчера истакна дека сега треба да се фокусираме на ставање крај на оваа пандемија и го повика светот да се обедини и да донесе тешки одлуки потребни за да се стави крај на пандемијата на КОВИД-19 следната година.

– 2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата. Сите сакаме да поминуваме време со пријателите и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормала. Но, за да се вратиме во нормала, треба да се заштитиме сега бидејќи случаите на омикрон, кој многу брзо се шири, се зголемуваат, изјави генералниот директор на СЗО./МИА/.

Next Post

Секое решение за спорот со Софија, прво да оди пред пратениците, Петков ја става економијата во преден план за подобрување на односите

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk