ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Сто дена забеганост

Може да се очекува, како и во 2016 година, вмровските кадри во ресорите што ќе ги окупираат да внесат хаос и целосно да ги блокираат процесите, а особено мерките и реформите што го подобруваат животот на луѓето – социјалната заштита, стандардот и безбедноста. Може да се очекува да внесат раздор и страв меѓу луѓето, специјалисти се за тоа.

January 3, 2020 13:00
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Се разработија партиските тролови кои формирањето на техничката влада ќе го претстават како пад на владата, обидувајќи се да создадат победничка атмосфера. Техничката (Пржинска) влада ќе биде искористена, поточно злоупотребена, во контекст на предизборната кампања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Техничката влада е производ на Пржинскиот договор (2016) со цел да се надмине политичката криза и да се намалат злоупотребите на институциите во изборен контекст. Овој формат на влада беше креиран за да се направи транзиција од заробена во демократска држава во која ќе може да се одржат колку-толку слободни избори. Со заминувањето на режимот и со ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, Северна Македонија стана демократска држава, меѓународно признаена и прифатена, каде што правото на глас се почитува.

Со Пржинскиот договор во 2016 се скицира техничка влада од 100 дена за подготовка на слободни избори, нешто што е непознато за страховладата на Груевски. Сега, услови за слободни избори имаше, но прашање е дали тоа ќе биде коректен изборен процес со техничка влада во која влегува партијата што не се промени ни малку и која овие позиции ќе ги злоупотреби максимално, зад границите на замисливото.

Во 2016 година, со Пржинскиот договор, Груевски навистина падна, стана јасно дека си заминува режимот. Ова е сосема различна ситуација. Добиваме Пржинска влада што не соодветствува на условите и состојбата во која се наоѓа земјата сега. А Зоран Заев, почитувајќи ги договорите, поднесува оставка, но тоа не значи дека владата паѓа, ниту дека тој како премиер паѓа. Суштинска разлика! И тоа добро го знаат сите во опозицијата, но вака им одговара. Сѐ им е на тацна – народни пари од буџетот, црни пари од криминалите, „мека игра“ на Владата, разработена антизападна кампања…

Затоа, неприфатливо е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и нивната партиска трол „армадила“ (изразот на Мицкоски). Ако сакаат барем да одглумат сериозна и одговорна политичка партија, тие мораат да ги смират своите партиски милитанти и да покажат барем минимум достоинство во исполнувањето на улогата што им е дадена.

Наместо да ја злоупотребат техничката влада што е измислена за да се намали нивното дивеење, мораат да ја сфатат задачата сериозно и да обезбедат континуитет на реформите и евроатлантските интеграции. Но, кому да му се каже. Безвредно е да се зборува и пишува за ова. Имајќи го предвид сето досегашно однесување и постапки, можеме да очекуваме само континуитет на мрачната пропаганда. Пред нас се тензични 100 денови, исполнети со блокада, опструкции, лажни вести, злоупотреби и многу говор на омраза и повици на насилство. Така, наместо одговорност, ќе имаме 100 дена со забегани политичари на говорниците и на прес конференции. Наместо напредок и спокојни денови, ќе гледаме дивеење на толпа од исто толку забегани милитанти, ботови и тролови, да му се згади на човека. Накратко, пред нас се сто дена забеганост.

Не мора да се анализира многу длабоко, за да се констатираат основните насоки на дејствување на партијата што беше носител на авторитарен режим и сево ова време ја избегнува одговорноста за злоделата за време на режимот.

Може да се очекува, како и во 2016 година, вмровските кадри во ресорите што ќе ги окупираат да внесат хаос и целосно да ги блокираат процесите, а особено мерките и реформите што го подобруваат животот на луѓето – социјалната заштита, стандардот и безбедноста. Може да се очекува да внесат раздор и страв меѓу луѓето, специјалисти се за тоа. ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити (божемни левичари, проруски креатури и слични влекачи) имаат „света“ задача да ја сопрат македонската иднина и за криминалците да обезбедат спас од правдата. Затоа, од нив можеме да очекуваме само обид да одржат континуитет на „преседани“ (Силјановска-Давкова) како што крвавиот напад на Собранието (27 април 2017), Диво Насеље (9-10 мај 2015), Црниот Понеделник (24 декември 2012) и низа други луди и насилнички постапки.

За сето тоа има лек. Сите го знаат. И не мора да мислат многу, терапијата лесно се нанесува. Сепак, во слободна и демократска држава, сѐ е во рацете на граѓанките и граѓаните.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.
Текстовите објавени во ESPRESSO вообичарно се редакциски коментари на актуелните настани и процеси во земјата и во светот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Сиљановска Давкова: Не би смеело да се проблематизираат одлуките на Дуковска, меѓутоа не може да остане во Уставниот суд личност избрана на незаконски начин

May 20, 2025

Минималните трошоци во мај зголемени за 1.217 денари, од ССМ бараат раст на платите

May 20, 2025

ЕУ воведува нов систем на гранциите – ќе важи и за македонските граѓани

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk