ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Маричиќ за Фронтлајн: Направивме многу во правосудството, не може сè да се смени за 16 месеци (ВИДЕО)

January 14, 2022 16:06
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

– Започнавме многу важни процеси откако сум министер за правда, кои, сигурен сум, еднакво успешно и подобро ќе ги спроведе наредниот министер професорот Тупанчевски, одговори на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ, на прашањата од Фронтлајн – Кои важни проекти кои ги започнавте ги оставате на Вашиот наследнк? До каде се процесите за реформи во правосудството и на изборниот систем?

Маричиќ наброи многу процеси кои се спроведени од Министерството додека е тој министер и додаде дека не може сè да се смени за 16 месеци.

„Мислам дека во изминатите 16 месеци започнавме многу важни процеси кои сигурен сум еднакво успешно и подобро ќе ги спроведе наредниот министер професорот Тупанчевски“, изјави Маричиќ

Министерот Маричиќ истакна дека прво и основно после 20 години државата спроведе попис, а воедно е донесен и Законот за попис во надлежност на Министерството за правда кој е успешно спроведен од страна на Државниот завод за статистика.

„За прв пат се усвоени методологиите и на судиите и на обвинителите и тие се применуваат во избор и разрешување на судиите и на обвинителите“, истакна Маричиќ

„Имавме голема активност на Судскиот совет врз основа на овие методологии и на претходно донесените закони. Имаме повеќе  разрешувања на судии 16 коишто покажуваат зголемена активност и зголемен број на постапки за испитување на дисциплинска одговорност бидејќи не е единствен инструмент разрешувањето“, истакна Маричиќ.

„Поднесовме голем број на законски проекти кои што се однесуваат и на измена на Кривичниот законик за зајакнување на заштитата на новинарите и имплементација на Истанбулската Конвенција, Законот за парнична постапка исто така е во закопнска процедура имаме добро исполнување на стратегијата за реформи во судството која што треба да крајот на оваа година да заврши и наредната да биде подготвена и да започне да се спроведува“, одговори Маричиќ.

Исто така Маричиќ истакна дека започнат е процесот на дигитализација на судовите и има процес на опремување на сите судници, повеќе од 130 низ целата држава.

Започнат е процесот на дигитализација на судовите првата опрема е пристигната и има процес на опремување на сите судници, повеќе од 130 судници низ цела држава и Законот за медијација е дел од тоа, намалување на судските такси, Иземена на Законот за бесплатна правна помош и негово подобрување, серија мерки за подобрување на пристапот кон правдата од страна на граѓаните“, рече Маричиќ

„Секако има уште многу работи што сме ги направиле и има многу работи кои што сме можеле да ги направиме меѓутоа во 16 месеци мислам дека е напрвено многу. Секако дека има нешто што сме пропуштиле, а ќе остане за до крајот на мандатот да го доврши наредниот министер во состав на целата Влада“, одговори Маричиќ

Одговорот на прашањето на Фронтлајн, поставено на денешната прес конференција, беше пренесено и од државната агенција МИА.

Мартина Ацковска

Next Post

Прометoт во индустријата е зголемен за 18,5 отсто

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk