Yon Idy е уметничкото име на Јон Ајдини, момчето што со неговата песна Dreams влезе во Националниот избор за песна и претставник што ќе ја претставуваат Македонија на „Евровизија 2022“.
Зад музиката и текстот на Dreams се потпишува Yon Idy, а аранжманот е на Јон и Ангел Ќосев. Јон е момче од Скопје, кој е роден во 1995-тата година, а неговите песни во инди стил полека, но сигурно, ја освојуваат светската публика.
Тој досега има издадено осум песни, кои се емитуваат на голем број радио станици низ светот: САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Грција, Хрватска, Албанија, Косово итн.
Неговиот прв хит „Gentle“ ги освои срцата на светот, уникатен во својот глас, приземен и свој. Јон Ајди се постави на светските радио станици и со својата дабока емоција ги стопли срцата на слушателите.
„Како од Скопје?!“, „Па, ова звучи светски!“, „Мислев дека е некој странец“, „Со денови се обидував да најдам кој ја пее песнава, за на крај да излезе дека е наш пејач?“, „Светско, а наше“ – стои во некои од коментарите под видеата и на социјалните мрежи.
„Гласот на Јон праќа морници додека ти вели да се држиш и да тонеш во него – но навистина – додека посегнува кон внатрешната борба со својата лирика во исто време тој блеска со длабоко размислување и блага меланхолија. Изборот на инструментација е многу уникатен, со оркестарско влијание насекаде; Можев да слушнам оркестарски триаголник на повеќе точки во песната, при што виолините на пицикато даваат чувство на димензија и на миксот“ – се вели во Sinusoidalmusic за уникатниот глас на Јон.
Sounds of European за песната „Back around“ напиша:
„Yon Idy е македонски пејач со потекло од Скопје. Тој штотуку објави нов сингл и не можеме доволно да го пофалиме: тоа е извонредна песна! Песната има извонредна мелодија и незаборавна вокална изведба. Тоа е веројатно најдобрата песна што доаѓа од Северна Македонија оваа година. Ние сме целосно зависни од неа: тоа е нашата песна на неделата!“
“Неговата аура на чесен изведувач е пренесена преку неговата талентирана работа. Оваа песна доби инди фолк звук во кој е испреплетена акустична гитара со широка позадина на синтисајзер.” напиша Indie Music за инзвонредната песна „My fire“ на Јон.
Неговата евровизиска песна „Dreams“ е нешто нетипично за нашето поднебје. Длабоко и емотивно може да го доживееме секој тон преку магичната интерпретација на младиот уметник. Ова дефинитивно е најдобрата песна која што е направена од млад изведувач кај нас, а тоа го потврдуваат веќе и големите македонски музички имиња кои излеегоа со поддршка за Јон и неговата песна „Dreams“.
„Непретенциозно прекрасно дете со најуникатниот машки вокал, ever!“ – напиша Дани Димитровска на своите социјални мрежи. Поддршка даде и музичарот Бени Шаќири, како и многу други.