Активистот Павле Богоевски во објава на Фејсбук напиша дека навистина треба да имаш посебен ментален склоп за да одбиваш да поздравиш мерка која директно го подобрува животот на речиси 90.000 граѓани.
„Во денешно време, не смееш да ги прашаш:
-Мажот за неговата возраст;
-Жената за нејзината тежина; и
-вмровец што мисли за покачувањето на минималната плата.
Какви штетнички ботови, човече. Навистина треба да имаш посебен ментален склоп за да одбиваш да поздравиш мерка која директно го подобрува животот на речиси 90.000 граѓани“, напиша Богоевски.
М. А.