Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска заедно со претседателот на Народното собрание присуствуваа на одбележувањето на националниот празник, пред Споменикот на слободата на врвот Шипка каде пред 144 години се воделе клучните борби за ослободување на Бугарија од османлиското владеење, пренесува Слободен Печат.
-Денес не е време за политички пароли. Време е да се каже – Бугарија пред се’, време да се свртиме кон бугарските идеали. Ова е патриотизам“, рече Петков.
За време на говорот Петков беше погоден со снежни топки. Поддржувачите на партијата Преродба се обидоа да го замолчат неговиот говор, јави БГНЕС.
Се слушаа и скандирањата „Русија!“, „Предавници!“, „НАТО надвор!“ и други од толпата со руски знамиња и на партијата Преродба.







