„Заедно со претставници на институциите, бевме во посета на местото каде што се случи пожар во семејна куќа во Шуто Оризари, во која загинаа две малолетни деца.
Изразувам длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари, за големата трагедија што се случи.
Ќе направиме сѐ што е потребно да обезбедиме првична помош за семејството уште денес, сместување и финансиски средства, а дополнително ќе разговараме за подобрување на инфраструктурата, за во иднина да не ни се случуваат вакви немили настани“, напиша на официјалниот Фејсбук профил техничкиот премиер Оливер Спасовски.