„Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ ги повикува сите свесни луѓе да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот марш, кој ќе се одржи во Скопје на 6 март 2022 година (недела). Собирoт ќе биде кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14.00 часот“, велат од Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ во соопштение.
Воедно информираат дека хуманитарната помош за Украина ќе се собира и на Плоштадот Македонија во Скопје, секој ден во поставен шатор.