ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повлекување само на нужно неопходните возила за кабинетот и министерот, договорија Чулев и Петровска

Во МВР денеска работна средба најпрво одржале Чулев и Петровска, а потоа била одржана и работна средба во проширен состав, на која присуствуваа и заменикот министер Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и заменикот на директорот на БЈБ Бесир Деари.

January 13, 2020 16:17
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Повлекување само на возилата кои се нужно неопходни за кабинетот и министерот, без притоа да се наруши секојдневното работење на службениците договориле на денешната средба техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Во МВР денеска работна средба најпрво одржале Чулев и Петровска, а потоа била одржана и работна средба во проширен состав, на која присуствуваа и заменикот министер Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и заменикот на директорот на БЈБ Бесир Деари.
Во врска со телеграмата за возилата, која Чулев ја испрати, на средбата е договорено дека доколку постои сомнение за несоодветно користење на службените возила, тоа треба да се утврди во соодветна постапка од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и дека ќе се повлечат само оние возила кои се нужно неопходни за кабинетот и министерот, без притоа да се наруши секојдневното работење на службениците.
Било констатирано и дека во меѓусебна координација помеѓу организациските единици да се направи соодветна распределба на возилата, водејќи сметка за кабинетите на министерот и дополнителниот заменски министер.
-Во однос на телеграмата со која се известуваат раководителите на организациските единици со која издадените наредбите престануваат да важат, заземен е заеднички став да се преземат активности од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност кои активности се во тек , а со кои во сите организациски единици каде има потреба да се распоредат работниците со решенија. Наредбите за извршување на итни, неодложни и специфични задачи да бидат согласно член 154 став 1, а во врска став 2 и став 4 од Законот за внатрешни работи во траење од најмногу 30 дена, се наведува во соопштението на МВР.
Next Post

Обрадовиќ: Бојкот на изборите или модел со техничка влада како во Северна Македонија

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025
Скриншот

Карго-авион на „ЈупиЕс“ се урна во Кентаки, најмалку седум жртви

November 5, 2025
Генерирано со ВИ

Кина суспендира дел од дополнителните царини за американскиот увоз за една година

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk