ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Сè уште е рано за целосно олабавување на рестриктивните мерки, предложено укинување на КОВИД-сертификатите при влез во земјава

Временски не можеме да прецизираме, но работиме, секојдневно ги добиваме информациите и ја третираме таа тема. Постојано нешто олабавуваме, со тоа што во меѓувреме анализираме дали сме постапиле правилно, рече министерот Сали.

April 14, 2022 08:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјата, препорача вчера Комисијата за заразни болести. Засега останува сертификатот да важи за влез во затворен дел на угостителските објекти бидејќи Комисјата смета дека е потребно постепено олабавување на рестрикциите.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ вчера на прес-конференција рече дека постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките.

Најновата препорака од Комисијата ќе стапи на сила откако ќе биде усвоена од страна на Владата.

Министерот за здравство, Беким Сали го дели истиот став со Комисијата и смета дека сè уште не може да се каже дека е крај на корона-пандемијата и оти не може временски да се прецизира кога ќе се тргнат сите ковид-рестрикции.

– Временски не можеме да прецизираме, но работиме, секојдневно ги добиваме информациите и ја третираме таа тема. Постојано нешто олабавуваме, со тоа што во меѓувреме анализираме дали сме постапиле правилно, рече Сали.

На владината седница во вторникот беше усвоена мерката за укинување на маските во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, аптеките, јавниот превоз, домовите за стари лица и установите за згрижување лица со попреченост.

Во соседна Грција од 1 мај се укинуваат правилата за влез во сите простории во внатрешноста на државата, односно поседување сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните. Грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис соопшти дека од 1 јуни ќе се укине и задолжителната маска, но и задолжителниот селф-тест за учениците.

Грчките власти најавија дека дополнително ќе бидат разгледани актуелните правила за влез во државата, а сите мерки одново ќе бидат разгледани на 1 септември.

Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања, пак, вчера едногласно оцени дека не е време да се „олабави одбраната“ во однос на пандемијата на Ковид-19.

-Ова не е време за намалување на одбраната од вирусот, не треба да се откажеме од надзорот, тестовите и пријавувањето, не треба да ги ублажуваме социјалните и здравствените мерки и не треба да се откажеме од вакцинацијата, рече претседателот на Комитетот за вонредни состојби на СЗО Дидие Усин.

Претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека добрата вест е што во светот
минатата недела е регистриран најмал број на смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Сепак, тој нагласи дека некои земји сè уште минуваат низ врвовите на инфекцијата што врши притисок врз нивниот болнички систем.

Согласно, вчерашната ковид-статистика, во земјава направени се 2.216 тестови, а регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19 од кои 28 се реинфекции. Најголем број, односно 114 од новорегистрираните случаи се во Скопје. Во извештајот на Институтот за јавно здравје вчера нема регистрирано починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.988.999 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 308.152, бројот на оздравени пациенти е 297.724, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи изнесува 1.172.

Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број активни случаи има во Скопје – 628, додека Берово, Дојран, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пробиштип во моментов немаат активни случаи на коронавирусот. /МИА/.

Next Post

Тренчевска: Новиот Закон за работни односи ќе биде донесен преку дијалог со социјалните партнери

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk