ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Петар Арсовски: Дали и македонската и бугарската страна се зезнати од некој трет?

April 20, 2022 14:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Не знам дали идејата за посетата на Петков доаѓа од неговиот кабинет, од наша страна, или од некој друг центар на „идеи“, но како и да е, неговата посета на Битола при отворањето на културниот центар „Иван Михајлов“ е грешка. Последиците од таа грешна проценка, секако ќе го направат решавањето на проблемот со Бугарија потешко, а постои ризик да го направат невозможно во јуни. По старото правило дека кој стои зад некоја акција, најлесно се познава по тоа кој од резултатот има најмногу да добие, овде се поставува прашањето дали двете страни, и македонската и бугарската, се, во основа, зезнати од некој трет?“, во колумна за Дојче Веле, пишува Петар Арсовски.

„Најнапред, иако знам дека деновиве тоа не е популарно мислење, јас мислам дека ние не требаше да забрануваме или да контролираме, на било кој начин, отворање на таков културен центар, иако името и личноста-патрон се контроверзни, иако наративот е проблематичен, а постоењето на таков центар е за најголем дел од јавноста е секако неприфатливо. Така изгледа демократијата кога е тешка: да се бориме за правото, некој друг, чии тези и позиции прават крвта да ни врие, да имаат право да ги застапуваат најгласно што можат, иако ние би го поминале својот живот борејќи се против истите најгласно што можеме. Отворањето на тој центар, е, сепак, нивна забава, а не наша, и контекстот во кој се отвора зборува за нивниот национален наратив, а не за нашиот. За нас зборува само нашето сопствено однесување, односно колку ќе бидеме возрасни во односот кон тој проблематичен центар. Во таа смисла, Македонија има повеќе искуство одошто другите земји соседи, зашто ние на потешкиот начин научивме да живееме со конфликтни наративи, уште од 2001. Со други зборови, ако сме созреале доволно за наративот за ослободителната улога на УЧК во конфликтот, кој дел од нашите албански сограѓани го сметаат за целосно легитимен, да не ни пречи, тогаш треба и за другите слични тези да развиеме здрава доза на толеранција.

Проблемот, се разбира, е во фактот што таквиот потег доаѓа во време на разгорени страсти, сред тешки и неизвесни преговори за проблемот со Бугарија, и, најважното, во контекст на целосен недостаток од реципроцитетен демократски капацитет од другата страна. Лицемерно е, најблаго речено, да тврдиш дека таквите малцински права се придобивка кога се остваруваат во Македонија, а иредентизам кога би се практикувале во Бугарија.“, пишува Арсовски.

Целата колумна на Петар Арсовски прочитајте ја на Дојче Веле.

 

Next Post

Странка на демократска акција на Македонија изрази солидарност со Украина и украинскиот народ

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk