ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски за „Та неа“: Ние како регион припаѓаме во Европската Унија

Министерот вели дека во сегашните околности, членството во ЕУ е важно не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион, а одговарајќи на прашањето дали пристапот станува поитен и како порака за ревизионистичките политики и како одговор на Русија, истакнува дека Европската Унија треба да ги прифати Албанија и Северна Македонија како дел од нејзината стратегија, а не како одговор на никаква политика, „бидејќи ние како регион припаѓаме во ЕУ“.

May 5, 2022 10:49
in Uncategorized, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ние како регион припаѓаме во Европската Унија, истакнува министерот за внатрешни работи на Северна Македонија во интервјуто за грчкиот весник „Та неа“ во кое говори за соработката со Грција, за регионалните безбедносни прашања, но и за ЕУ перспективата на земјава, јави дописничката на МИА од Атина.

Интервјуто под наслов „Билатерална соработка за безбедносни прашања“ е по повод работната посета на Спасовски во Грција, неговото учество на министерската конференција во рамките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и средбата со неговиот грчки колега Такис Теодорикакос.

Министерот вели дека во сегашните околности, членството во ЕУ е важно не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион, а одговарајќи на прашањето дали пристапот станува поитен и како порака за ревизионистичките политики и како одговор на Русија, истакнува дека Европската Унија треба да ги прифати Албанија и Северна Македонија како дел од нејзината стратегија, а не како одговор на никаква политика, „бидејќи ние како регион припаѓаме во ЕУ“.

Весникот пишува дека „зајакнувањето на соработката меѓу Скопје и Атина во сите области, меѓу кои и безбедноста и стабилноста е пораката што за време на неговата посета на Грција, ја испрати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски“.

-Меѓународниот организиран криминал, тероризмот, илегалната миграција претставуваат предизвици кои ги засегаат не само нашите земји, туку и земјите од целиот регион и Европа, вели Спасовски во интервјуто и ги споменува двата договори за кои разговарале со Теодорикакос, едниот за полициска соработка во борбата против организираниот криминал, а другиот за договор за реадмисија“.

За важноста на билатералната соработка во сенка на руската инвазија на Украина, истакнува дека е важно да се продолжи и во областа на безбедноста „за стабилноста во регионот“.

-Се договоривме дека ќе имаме размена на информации и податоци на дневна основа со цел заштита на регионот. И двете земји, како членки на НАТО делиме исти вредности и исти можности за зајакнување на нашата соработка со цел стабилност на регионот, објасни министерот, додавајќи дека во моментов, заедничката оценката е дека нема „знаци на нарушување на мирот во регионот“.

Истакнува дека нашиот регион е од посебно стратешко значење, што е предност, но „ни носи доста предизвици“ и посочува дека секоја земја мора да биде посветена на одржување на мирот и стабилноста за граѓаните.

Осврнувајќи се на прашањето за илегалната миграција, Спасовски потенцира дека во моментов има намалување на протокот во двете земји и нагласува дека војната во Украина принуди многу луѓе да ја напуштат земјата, прашање што, како што рече, било покренато и на вчерашната министерска средба, при што сите земји учеснички се согласиле дека се подготвени да примат бегалци од Украина на своја територија./МИА/.

Next Post

Ковачевски: Македонскиот јазик е во сржта на македонскиот идентитет и посебност и како таков ќе го штитиме и чуваме

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk